(Фото) Срцето и беше полно со живот, така ќе продолжи да чука

Беше многу весела девојка, секогаш насмеана и му се радуваше на животот, вели Мартин Белчовски од селото Русиново, беровско, за својата сестра Верица, која на само 20 години го загуби животот, но нејзинот срце по синоќешната трансплантацијата почна да чука во друг млад живот.

Солзи и непребол во семејството Белчовски, за загубата на нивната најмала ќерка Верче, која несовесен возач на седми април ја удрил на пешачки премин во Струмица. Како што вели нејзиниот брат Мартин, возачот побегнал од местото, а Верче се здобила со тешки повреди кои ја чинеа живот.

-Верче не успеја да ја добие борбата за живот, низ солзи вели Мартин за ММС.

Токму таа борба за живот, сиромаштијата и невработеноста пред неполна година семејството Белчовски ги разделило во два града. Синот Мартин, кој е вработен, останал со сопругата во Берови, додека таткото Кирил, мајката Душата со двете ќерки Ана и Верица се преселиле под кирија во Струмица. Кирил уште не успеал да најде работа и по девет месеци преселба, но трите дами во семејството некако се снашле.

-Јас изгубивме најмалата во семејството. На „Благовец“ во Струмица на пешачки премин ја удри момче од 18 години и побегна од местото. Колку што јас знам кога дознале дека колата со која ја удриле сестра ми била пронајдена, тој подоцна сам се пријавил во полиција. Во Берово е многу тешко да се најде работа, затоа мајка ми и татко ми со сестрите се преселија во Струмица. Татко ми сеуште е невработен, мајка ми работеше во еден маркет, па требаше да се префрли во друг и откако се случи ова не знам што ќе биде. Постарата сестра Ана (23) работи во спортска обложувалница, а Верче работеше во кафуле. Под кирија се, мораа да заминат, од Берво се преселија бидејќи нема работа, секаде е полно и со ниски плати. Целото семејство ми отиде , само јас останав во Берово, само јас работев, вели низ солзи Мартин.

Кога семејството Белчовски сватиле дека ја изгубиле Верче решиле да бидат хумани и да ги донираат срцето и бубрезите.

-Кога сестра ми ја удриле со колата поради сериозноста на повредите однесена е дирекно во Скопје. Лекарите ни кажаа дека откажал мозокот, дека е констатирана смрт, а дека органите здрави. Без размислување се сложивме да ги донираме. Ова може секому да се случи, можело и на сестра ми да и требале органи. Во животот никогаш ниѓто не се знае. Тоа ни даде сила и затоа одлучивме да ги донираме за да спасиме нечиј живот. А сестра ми веќе ја нема и нема никогаш да ни се врати, ни рече низ Солзи Мартин.

И покрај тоа што се преселиле во Дтрумица, тие и понатаму се жители на Берово, вели градоначалникот Ѕвонко Пеќевски. Тој ММС рече дека на семејството Белчовски ќе им биде дадено признание.

-Ние како општина му стоиме на располагање на семејството, кое покажа голем гест со донирањето на органите на Верче, ни рече тој.

Министерот Филипче вчера на прес конференција објави дека донирани се срце и бубрези од млада девојка која починала поради тешките повреди добиени од сообраќајна незгода, а доцна синојка на својот Фејсбук профил и го објави стартот на трансплантацијата. Рано утрово, пак, напиша:

-Во 3 часот и 33 минути утринава кај 22-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.

Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги, напиша тој во постот.

Првата трансплантација на срце кај нас беше направена пред неполна година, кога лекарите и целата македонска јавност се поклонуваше на семејството на донорот Емилија Динева. Утрово, лекарите повторно се поклонија, овој пат на Верче.

-Историска фотографија, докторите и се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи. Нејзиниот млад живот трагично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот. Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејството. Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органодарителство. Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост, напиша тој.

Превземено /Извор:ММС

18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка

Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради  „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.

На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.

На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.

Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера

По повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис заедницата, претставници на верските заедници, претставници од академската заедница, од политичките партии, медиумите и граѓанските организации, како и претставници на дипломатскиот кор, информираа од Кабинетот на претседателот.

Согласно исламските верски обичаи, Поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема Шакир ефенди Фетаи ја одржа завршната молитва.

„Најсветиот месец во Исламот, Рамазан, е време за духовно закрепнување, за обновување на релациите со роднините и пријателите, но и за милост и солидарност кон немоќните. Како што рамазанскиот пост е лично искушение на внатрешно преиспитување на поединецот, така Ифтарската вечера е заеднички чин на социјална правда бидејќи подразбира правење место на трпезата и за оние кои имаат помалку. Тоа е особено важно во време на глобални кризи кои најмногу ги удираат најранливите и најсиромашните“, кажа Пендаровски на вечерата.

Но, освен за продлабочување на верата во животот на верникот, Ифтарската вечера е и можност за продлабочување на соживотот во македонското општество.

„За нашите предци немало поголема чест од тоа, некој со различна вера од нивната, да ги покани на празнична трпеза. Кога муслиман кани на Ифтар, или кога христијанин подарува велигденско јајце, тоа е начин да каже дека ја почитува твојата различност и те прифаќа таков каков што си. Тоа го правиме и ние вечерва“, додаде Пендаровски.

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен.

Полицијата, исто така, соопшти дека некои од жртвите биле избодени, но не било употребено огнено оружје во нападот, пренесува CBN News Chicago.

Убиени се 15-годишно девојче, 63-годишна жена, 49-годишен маж и 22-годишен млад човек.

Шефот на полицијата во Рокфорд, Карла Ред, изјави дека загинале вкупно четири лица, додека еден од нив е тешко повреден. Четири лица се префрлени во болници, каде нивната состојба е стабилизирана.

Повиците до полицијата и итните служби дошле од повеќе страни додека нападот траел приближно 20 минути, а екипите набрзо биле на терен. Од полицијата истакнаа дека засега не е јасна причината за нападот.

Популарно