Денес се регистрирани 324 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2.660 тестирања, а регистрирани се 324 нови случаи на Ковид 19 во:

-Скопје 110 

-Куманово 44 

-Охрид 18 

-Струмица 17 

-Прилеп и Тетово 13 

-Штип 11 

-Битола, Велес и Кичево по 10 

-Свети Николе 9 

-Кочани и Виница по 8 

-Радовиш 6 

-Гостивар и Дебар по 4 

-Кавадарци, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица по 3 

-Струга, Неготино, Берово и Делчево по 2 

-Пробиштип, Валандово и Демир Хисар по 1

Пријавени се вкупно 26 починати лица: 8 од Скопје (52г,59г,63г,66г,71г,77г,80г и 83г), по 2 починати лица од Куманово (77г и 86г), Прилеп (73г и 83г) и Гостивар (62г и 69г) и по 1 починато лице од Велес (78г), Кавадарци (75г), Охрид (73г), Штип (67г), Струмица (65г), Кочани (68г), Кичево (71г), Ресен (77г), Радовиш (65г), Берово (75г), Делчево (57г) и Валандово (72г). Од пријавените, 24 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.

Регистрирани се 1.178 оздравени пациенти од:

-Скопје 575 

-Куманово 76 

-Прилеп и Кавадарци по 54 

-Битола 53 

-Велес 43 

-Тетово 40 

-Штип 36 

-Крушево 27 

-Гостивар 26 

-Гевгелија и Неготино по 18 

-Кочани 17 

-Кичево 14 

-Струмица 13 

-Охрид 12 

-Виница и Ресен по 11 

-Демир Хисар 10 

-Берово и Македонски Брод 9 

-Струга 8 

-Свети Николе и Делчево по 7 

-Радовиш, Крива Паланка и Демир Капија по 5 

-Дебар и Богданци по 4 

-Пехчево 3 

-Кратово, Македонска Каменица, Пробиштип и Дојран 1

Досега во земјата се направени вкупно 731.997 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.461, бројката на оздравени пациенти е 136.545, на починати е 5.042, а бројот на активни случаи изнесува 11.874.

Времето денес со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Популарно