Денес е спомен на Светиот апостол Јаков

Македонската православна црква денес го обележува споменот на Светиот апостол Јаков.

Син на Заведеј, брат на Јован, еден од дванаесетте Апостоли. Кога Господ Исус ги повика него и брат му Јован, тие веднаш ги оставија рибарските мрежи и својот татко и тргнаа по Него. Спаѓа меѓу оние тројца Апостоли на коишто Господ им ги откриваше најголемите тајни, пред кои се преобрази на Тавор и пред коишто тагуваше во Гетсиманската градина пред да пострада. Откако Го прими Светиот Дух, свети Јаков по разни краишта го проповедаше Евангелието и отиде дури до Шпанија. Кога се врати оттаму со него Евреите почнаа да се препираат за Светото Писмо. Бидејќи никако не можеа да го надвладеат во препирката, тие најмија еден маѓесник Хермоген да му наштети.

Но, Хермоген и неговиот ученик Филип, обајцата беа победени од силата на Вистината што ја проповедаше Апостолот и откако беа поразени се крстија. Тогаш Евреите го обвинија кај Ирод и наговорија еден човек по име Јосија да го клевети Апостолот. Овој Јосија, кога го виде мажественото држење на светиот Апостол, и штом ја слушна јасната проповед за Вистината, се покаја и поверува во Христа. Кога го осудија Јаков, го осудија и Јосија. Тој го молеше Апостолот да му го прости гревот на клевета. А Јаков го прегрна, го целива и му рече: „Мир на тебе и прошка!“  Свети Јаков пострада во 45. година во Ерусалим. Неговото тело беше однесено во Шпанија, а на неговиот вечен дом и денес се случуваат чудесни исцеленија.

Денеска е Духовден – Слегување на Духот Свети (Втор ден)

Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Еруса¬лим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител. На десеттиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици.

Тоа е конкретниот настан. Но, за црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време па се до денес не ја напушта црквата. Духот е критериум за се што се случува во црквата и на општ и на личен план. Во таа смисла, Духот од оној ден во Ерусалим непрестано слегува врз црквата на Литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен.

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 јуни.

Денеска е Св. свештеномаченик Доротеј. Доротеј 50 години беше епископ на црквата Христова во градот Тир. За време на владеењето на царот Диоклецијан, тој се повлече од Тир за да ги избегне прогоните, а во градот се врати кога се востоличи царот Константин Велики. Животот го заврши маченички по времето на Константин, кога владееше Јулијан Отстапникот, во 361 година, во градот Одесос (денешна Варна).

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Марко и Марчелијан. Во проповедувањата се вели дека тие биле браќа. Префектот Кромациј ги затворил и ги предал на судот. Од нив се барало да се откажат од христијанската вера. Свети Марко и Марчелијан не се откажувале од верата и биле измачувани за време на прогонствата на царот Диоклецијан.

Денеска е Св. Еразмо Охридски

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 јуни. Денеска е Св. Еразмо Охридски.

Овој светител беше родум од Антиохија, а живееше за време на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизуваше на Ливанската планина, а во Охрид дојде веќе како епископ за да го проповеда Евангелието. Во тоа време Охрид се уште беше пагански град. Тука со молитва го воскресна синот на некој си Анастас, кој потоа се крсти.

Поради неговата проповед многумина поверуваа во Христа, па во Охрид тогаш пропаднаа скоро сите идолски жртвеници. Заради тоа светителот беше изведен пред суд од страна на Максимијан и затворен. Но, ангел го ослободи од затворот, како некогаш апостолот Петар. Потоа свети Еразмо за некое време замина во Кампања, а најпосле се повлече во градот Хермелија. Тука во мир го предаде својот дух на Бога во 303 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Вид.

Бил роден во Сицилија. На седумгодишна возраст поради верата во Христос, морал да побегне во далечната Луканија, иако неговиот татко го сакал, тој да се откаже од верата. Тоа се случувало за време на Диоклецијановите прогонства. Свети Вид бил изма чуван на почетокот на прогонствата, во 304 година. Неговото учење за црквата се проширило низ цела Европа

Популарно