Ако видите смок не мора да го убиете - српскиот биолог со совети како да постапите

Со зголемување на температурите полека се раздвижуваат и влекачите, па можно е да се случи да видите по некоја змија или смок.

Кристијан Овари е биолог на „Бео зоолошката градина“ во Србија и вели дека луѓето кога ќе видат змија обично не знаат дали е отровнам но сепак би требало да знаат дека оние кои се во населени места низ градот се всушност безопасни. Во главно се работи за смок или белоушка, а можно е да се сретнат деновиве по улиците.

Смук е безопасен животински вид. Не претставува никаква опасност за луѓето, освен естетската.

"Тој е многу безопасен, бидејќи се храни со мали животни што ги гуши и голта. Не претставува никаква опасност за луѓето, освен за естетската, сигурно не треба да се допира", објаснува Кристијан Овари, биолог од „Бео" Зоолошка градина.

Смокот често живее во градови и населениместа. Всушност живат таму каде што има глувци.

"Овој неверојатен животински вид е насекаде околу нас. Тој сака карпести области, сака стари напуштени згради, подруми, всушност ги сака сите оние места каде што глувците природно ползат", вели Овари.

- Доколку видиме смок, нема причина за страв, бидејќи е безопасен. Доволно е само да се заобиколи или доколку мног се плашите, земете една метла и само нежно поместете го настрана. Многу е важно да сфатите дека змијата многу повеќе се плаши од нас отколку ние од нив“ вели Овари.

Смокови се плашливи животни, не напаѓаат и не се отровни. Тие ќе побегнат ако им пријдете на неколку метри подалеку. Нема причина да ги убиете, тие се безопасни. Стравот од змии се нарекува офидиофобија и може да се надмине. 

Ова треба да го знаете: Зошто е здраво да ги јадете семките од лубеницата?

Луѓето се навикнати да ги фрлаат семките од лубеница, веројатно затоа што како деца нѐ учат дека не е добро да ги јадеме. За детските дишни органи, тие може да бидат опасни, но истражувањата покажуваат дека малите црни семки се и вистински извор на здравје.

1. Ја намалуваат надуеноста. Семето од лубеница содржи влакна кои позитивно влијаат на системот за варење, т.е. ја ублажуваат подуеноста и гасовите во човековото тело.

2. Содржат калиум. Овој минерал ја регулира количината вода во нашето тело, со што, на пр. се намалуваат отоците на зглобовите и стапалата.

3. Семките обезбедуваат заштита од ултравиоулетовот зрачење и ја подмладуваат кожата. Содржат витамин Е, којшто влијае на здравјето на кожата и спречува дамки и пеги. Исто така, тие се полни со антиоксиданси, со што се забавува и стареењето на кожата.

4. Го зајакнуваат човековиот имунитет и здравјето, а тоа – благодарение на многу други минерали што се наоѓаат во семката, како што е железото. Тие исто така содржат триптофан, кој поттикнува лачење серотонин, а тој пак, го намалува стресот и нѐ прави посреќни.

 5. Тие содржат магнезиум и цинк. Тие се од суштинско значење за работата на целиот организам.

Далечинското е 20 пати повалкано од ВЦ-школката

За време на чистење на куќата, честопати прескокнуваме некои предмети што ги користиме секој ден. Ново истражување потврди дека далечинскиот управувач содржи 20 пати повеќе бактерии отколку една тоалетна школка.

Далечинското треба да се чисти најмалку еднаш неделно. Две третини од испитаниците во анкетата (67 насто) признале дека никогаш не го чистат далечинското. Истражувачите зеле и примероци од далечинските на испитаниците, тоалетните школки и од теписите, заради нивоата на бактерии, габички и мувла на нив.

Резултатите се недвосмислени – далечинското е највалканиот предмет од сите. Во него имало и бактерии, и габи, и опасна мувла. Второ највалкано нешто е капакот на корпата за отпадоци, потоа тепихот во спалната соба, па тепихот во дневната соба и на крај, најчист – тоалетот.

Најлесен начин да исчистите далечинско е – се натопува крпа во оцет (тој може да биде „зачинет“ со лаванда) и потоа уредот се брише. Тоа ќе го исчисти и дезинфицира уредот. Оцетот е универзален производ за природно чистење, па добро е да се користи, бидејќи не содржи опасни хемикалии.  

Филипче: Следи забрзано темпо на вакцинација, наставниците во приоритетните

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека засега нема голем ризик од нов бран на пандемијата со Ковид-19, но порачува на внимателност и најавува забрзано темпо на вакцинација, во кој процес сега приоритет ќе имаат наставниците за да може да почнат со работа училиштата од наесен, за што веќе се финализираат протоколите.

-Засега нашата проценка, сите анализи што ги правиме состојбата во околните земји, укажува дека некој голем ризик од нов бран сега во скор временски период  нема, но тоа не значи дека не треба да бидеме внимателни и будно да ја  следиме состојбата. Има случаи на заразени граѓани дури и вакцинирани  во некои земји со индискиот сој, а тоа што е добро е дека во огромен процент над 97, 98 проценти, тие случаи не бараат хоспитализација, што значи дека клиничката слика е послаба.  Затоа сеги следи навистина едно навистина забрзано темпо на вакцинација  ширум државата во сите пунктови, изјави денеска Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Филипче најави дека на вакцинација во наредниот период ќе бидат повикани организирано наставните кои поради тоа што работеа во домашни услови.

-Во однос на вкупниот број на наставници беа вакцинирани сите наставници кои работеа со физичко присуство, односно наставниците од прво до трето одделение. Тоа, посочи, е една третина од вкупниот број на вакцинирани наставници. На другите не дававме приоритет заради тоа што работеа во домашни услови. Сега по истиот систем на повикување, организирано ќе бидат вакцинирани други. Најприоритетна група се за да можат училиштата да почнат да работат, рече Филипче.

Министерството за здравство вчера информираше дека досега во државата вкупно се аплицирани 488.010 дози вакцини, а ревакцинирани се 206.163 граѓани. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 458.040 граѓани.

Популарно