8 причини зошто "Вистински Маж" никогаш нема да ја изневери девојката во која е заљубен

Вистинските мажи се емоционално стабилни - Обично слушаме дека девојките се тие кои имаат проблем со контрола на емоции. Да бидеме искрени, мажите се многу полоши. Додека жените се доволно интелегентни за да ги споделат своите чувства и да разговараат за своите проблеми (поголем дел од времето), мажите ги држат во себе.

Додека, се разбира, не можат да издржат повеќе и не експлодираат. Кога нешто не е во ред во врската, жените можеби плачат, можеби се жалат, можеби се бесни или можеби ви го даваат третманот на молчење - но мажите, слабите мажи се преправаат како да не чувствуваат ништо.

Кога еднаш ќе им се прелие чашата, гледаат да побараат ослободување каде можат. Пијат. Пушат. Имаат секс. За жал, бидејќи не можат да си го решат проблемот со девојките кои им се за долга врска, одат и имаат секс со се' што ќе најдат. Од друга страна, вистинските мажи се справуваат со своите емоции соодветно.

Вистинските мажи имаат доволно самоконтрола да го задржат во панталоните - Многу ми е жал што ќе морам да ви го кажам ова господа, но бидејќи сте мажи ќе сакате да "ја легнете" секоја убава девојка која ќе ви помине пред очи. Буквално секоја.

Но, доколку сте вистински маж, секако нема да ризикувате да ја изгубите девојката со која имате хемија и со која можете да градите иднина за неколку минутно задоволство. Доколку толку ви е дојдено до секс зошто не спиете со жената која ја сакате?

Доколку сексот ви здодее, тогаш преземете нешто за да го направите поинтересен. Потребни се двајца за танго - доколку таа не го донесе шлагот, земете го вие.

Вистинските мажи не излегуваат со девојки кои не ги сакаат, или не веруваат дека можат во иднина да ги засакаат - Очигледно, денес сите си ја пробуваме среќата со луѓе за кои не сме сигурни дека ќе се заљубиме - да, постои љубов на прв поглед, но таа е многу ретка. Како и да е, многумина би излегувале со некој кој не им се допаѓа премногу или не им одговара чисто онака.

Вистинските мажи знаат дека жените не се предмети и затоа не ги употребуваат за да си ги задоволат своите потреби. Кога знаат дека девојката со која што се гледаат не можат да ја засакаат, едноставно не дозволуваат работите да се развијат.

Вистинските мажи почитуваат - Тие ги третираат луѓето со почит, особено кога станува збор за девојките со кои излегуваат. Изневерувањето е лажење. Тоа е кршење на довербата и доказ дека не се грижите за вашиот партнер/ка како пријател, како љубовник и како човечко битие. Доколку и' ја скршиш довербата ти никогаш повторно нема да успееш да ја добиеш назад. Тоа е лекција која сите ај учиме на потешкиот начин.

На Вистинските мажи не им е потребно да додаваат рецки на својот појас за да се чувствуваат како мажи - Вистинските мажи едноставно знаат дека се вистински мажи. Тие го чувствуваат тоа со секој свој чекор и тоа сите јасно го гледаат. Многу "мажи" денес мислат дека е пофалба и нешто со кое треба да се гордеат ако спиеле со многу девојки - како тоа да е некој вид на игра и девојките се нешто што се колекционира.

Девојките не се предмети, а таа игра која ја играат незрелите мажи се вика ЖИВОТ. Доколку те фати дека ја изневеруваш вложуваш многу високи влогови, а тоа може да го уништи твојот живот. Да ја изгубиш девојката која утре може да биде мајка на твоите деца, за забава за една ноќ... Никогаш не знаеш.

Вистинските мажи никогаш нема да ја повредат девојката која ја сакаат - Да бидеме фер, вистински маж не би повредил ниту една жена, а особено не таа која ја гледаат како своја партнерка. Вистинските мажи сакаат и се грижат за себе и за оние кои им се блиски.

Доколку сте доволно среќни да најдете жена која ќе ја засакате и да ја добиете, тогаш би требало да дадете се што е во ваша моќ за да и ја задржите насмевката на лицето. Нема ништо полошо на светот од тоа да ја изгубите личноста која ја сакате... Луѓе сме, грешиме, но не сите грешки се простуваат.

Вистинските мажи ги знаат вредностите на животот - а тоа не е уште едно парче "газ"! - Вистинските мажи се премногу зафатени живеејќи го животот од своите соништа за да се мачат со квантитет. Тие работат на постигнување на она што е вистински вредно во животот, но што е уште поважно е - тие знаат кои се вистинските вредности на животот!

Како мажи, тие најчесто сакаат повеќе отколку тоа што им е доволно. Но само кога ќе го добијат тоа што мислеле дека го сакаат ја сфаќаат грешката. Уште сега ќе ви кажеме - треба да имате само една жена покрај вас.

Жена која ќе ве сака до крајот на животот е тоа што е навистина значајно и вредно. Остантите нема ни да ве паметат.

Вистинските мажи имаат храброст да раскинат со девојка - Доколку планирате да ја изневерувате очигледно не сакате да бидете со неа. Соберете храброст и раскинете и'. Штом ви текнало да "шарате" на страна како и да е, побрзо или подоцна ќе и' раскинете. Вака барем ќе излезете вистински човек, а не кукавица.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно