Венчаницата на принцезата Дијана изложена во палатата Кенсингтон

Фустанот што Дијана, принцезата од Велс го носеше на денот на венчавката пред 40 години се појави во нејзиниот поранешен дом во палатата Кенсингтон.

Поради деликатноста на тафтата од која е направен, тој обично не се прикажува почесто од еднаш на секои 5 години, а последниот пат беше во куќата Алторп во 2016 година.

Одблизу светка. Тоа е нешто што би го знаеле само кога ќе се најдете на неколку сантиметри од иконската венчаница на покојната принцеза од Велс. Светликав, впечатлив и со извонредно долг вел,овој фустан е без сомнение главна атракција на новата модна изложба на Кенсингтон-палатата.

Венчаницата на Дијана, е една од најпознатите во историјата на модата и е олицетворение на модата од 1980-тите.

Славниот фустан, раскошна креација на Дејвид и Елизабет Емануел, е прикажан како дел од изложбата на кралски стилови, и најверојатно ќе остане таму цела година за луѓето кои ќе резервираат обиколка на палатата.

На изложбата насловена Royal Style In The Making („Кралски стил во изработката“), познатата венчаница на принцезата од Велс е во центарот на вниманието.

Со фокус на петте големи дизајнери кои биле важни за последните генерации кралски жени, кралицата Мајка, кралицата, принцезата Маргарет и Дијана, принцезата од Велс, изложбата дава поглед на тоа како секој кутуриер оставил свој белег во кралската мода.

Создавањето на кралски моден момент – од многу очекуваната венчаница, до облеката за крунисување – е тема на изложбата во палатата Кенсингтон, која се отвори за јавноста на 3 јуни.

Настанот детално ја открива уникатната и интимна врска помеѓу кралското семејство и нивните кутуриери, со оригинални скици, парчиња ткаенини и невидени фотографии од колекцијата на церемонијални фустани, прикажани заедно со самите фустани, со цел да се демонстрира како идеите стануваат историска реалност.

(Фото) Џенифер Лопез првпат го покажа нејзиниот татко

Џенифер Лопез објави фотографија на Инстаграм со нејзиниот татко Дејвид Лопез и започна лавина коментари токму поради неверојатната сличност.

Имено, пејачката и актерка му се обрати на својот татко по повод Денот на таткото, кој се слави во Америка, а истото го сторија и други јавни личности. Таа на својот профил објави две фотографии на кои позира со нејзиниот татко.

- Тато, нема доволно зборови за да опишам што ми значиш ... Те сакам засекогаш ... од секој поглед! Среќен Ден на татковците на сите неверојатни татковци кои се таму секој ден за своите деца !! Вие сте потребни и ценети и сакани повеќе отколку што веројатно некогаш ќе знаете. Денес го славиме вашиот ден !!! - напиша Џенифер под објавата.

Дека овој потег ги воодушеви обожавателите на пејачката докажуваат коментарите кои постојано доаѓаат и фактот дека објавата многу брзо доби скоро милион и пол лајкови.

„Како изгледаш:„ Прекрасно е што толку многу го сакаш татко ти “,„ Верувам дека е горд на каква ќерка има “,„ Близнаци “,„ Имате исто лице “,„ Дали е тоа можно да си личите толку многу "... се само некои од вкоментарите.

Врз основа на сликите може да се забележи дека таткото и ќерката изгледаат многу слично, а сличноста е уште поизразена на фотографијата каде Џенифер е дете.

Патем, нејзиниот татко е член на Саентолошката црква многу години. Се тврди дека саентолозите се обиделе да ја вовлечат во озлогласениот култ преку Дејвид Лопез, но пејачката успеала да се извлече на време.

Со оглед дека Дејвид е во многу висока позиција во озлогласениот култ, тој со години избегнуваше внимание од медиумите, а папараците дури неодамна го фотографираа во јавноста. Поводот беше свечена вечера со семејството на Бен Афлек кога сите се сретнаа официјално, што дополнително ги разгоре приказните дека „Бенифер“ е посилен од кога било со намера конечно да застанат пред олтарот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

(Фото) Ноктите на Кајли Џенер собра речиси 6 милиони лајкови

Најмладата припадничка на кланот Кардашијан-Џенер несомнено е меѓу водечките трендсетерки на планетата, па многу девојки бараат модна инспирација на нејзиниот Инстаграм профил. Сепак, една од најновите фотографии објавена од Кајли ги подели мислења за тоа дали донела добра одлука.

Риалити ѕвездата и деловна жена, која веќе некое време има екстремно долги нокти, го покажа својот нов маникир - портокалови и украсени со 3Д точки кои личат на меурчиња, односно изгледаат како да се испрскани.

Оваа фотографија на Кајли собра 5,7 милиони лајкови, но ако прашате модни експерти, не треба да се очекува ова да стане тренд. Покрај тоа, многумина ги споредуваат нејзините нови нокти со габична инфекција и велат дека младата трендсетерка можела и подобро.

Дали беа премогу сурови кон Кајли или не погледнете па преудете и сами:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

(Фото) Евровизискиот победник заблеска на интернет со последната објава

Победникот на овогодишното издание на Евровизија, Дамијано Давид (22), објави фотографии кои предизвикаа реакции ширум светот, а многу ѝ се допаднале и на неговата девојка, моделот Џорџи Сорели (25).

Италијанецот позирал во кожни панталони и мрежеста блуза, со залижана коса и нашминкани очи и усни.

„Заљубен сум во мојот кармин за усни“, напишал Дамијано во описот на фотографиите кои ги споделил на Инстаграм.

Објавата брзо собрала милион и пол допаѓања, а ниту неговата девојка не останала рамнодушна на фотографиите.

„И јас сум“, одговорила Џорџи на зборовите на Дамијано. Нејзиниот коментар го лајкувале повеќе од 8.000 корисници.

Дамијано за кратко време ги освои девојките ширум светот и стана препознатлив по својот стил, па обожавателките и овојпат не го криеле воодушевувањето од неговиот изглед.

„Заљубена сум во тебе“, „Ожени ме“, „Биди мој“, се само некои од коментарите кои обожавателките ги оставиле под фотографиите.

Музичарот на Инстаграм моментално го следат повеќе од 3,8 милиони, меѓутоа, тој секојдневно има сè поголем број на фанови кои покрај музиката, го обожуваат и неговиот стил на облекување, но и шминкање.

Популарно