Овошје кое треба да го јадете што почесто

Ако некое овошје е корисно, но занемарено, тоа е дефинитивно крушата. Таа е најдобра намирница за панкреасот, а воедно важи и за „рајско овошје“ за црниот дроб бидејќи го поттикнува процесот на чистење и може да спречи појава на цироза.

Пулпата од круша е богата со фитоматерии, минерали во траги и аминокиселини кои се врзуваат за отровите во телото и ги исфрлаат од организмот.

Крушата го стабилизира нивото на шеќер во крвта и игра голема улога при слабеењето.

Една круша со средна големина содржи околу 90 калории, витамин Ц и флавоноиди, а е одличен извор и на бакар кој го штити телото од штетното делување на слободните радикали.

Кората од круша е богата со влакна кои го намалуваат лошиот холестерол, а плодот е одличен и за брзо закрепнување по операција или труење со храна како и кај лица кои се на посебни диети и режими.

Крушата е најдобро да се јаде помеѓу појадокот и ручекот или доцна попладне бидејќи ја намалува желбата за слатки и може да го регулира апетитот. Исто така, треба да се напомене дека таа спаѓа во овошја со најмалку алергени.

Над половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина, кај нас 55,7 проценти

Над половина од возрасните граѓани во земјава имаат прекумерна тежина, а „подебели“ во регионот се само Хрватите, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Над половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина односно Индекс на телесна маса (БМИ) еднаков или поголем од 25. Најголем процент на возрасни луѓе со прекумерна тежина имаат Малта (62,5%), Исланд (62,0%) и Латвија (60,4%), додека најмал Италија (41,9%), Швајцарија (45,6%) и Франција (46,4%). Кај нас 55,7 проценти од возрасното население има прекумерна тежина.

Земјите со висока стапка на дебелина, пишува Ландгеист, исто така, имаат и високи стапки на луѓе со прекумерна тежина. Малта е втора земја со најголема дебелина во Европа и исто така земја со најмногу килограми во Европа. Швајцарија е земја со најмалку дебелина во Европа, но и втора земја со најмалку прекумерна тежина во Европа. Но, и неколку земји како Естонија, Финска, Исланд, Северна Македонија, Романија, Словачка и Словенија кои имаат релативно ниски стапки на дебелина, но имаат некои од највисоките проценти на луѓе со прекумерна тежина во Европа.

Од земјите во регионот само Црна Гора (48,1%) има помалку од половина од населението со прекумерна тежина, додека најголема стапка на возрасни со прекумерна тежина има Хрватска – (58,1%). Потоа следат Словенија (55,7%), Грција (54,9%), Бугарија (53,7%) и Србија (52,5%).

Најшокантен факт е веројатно дека во речиси секоја земја во Европа, повеќе од половина од сите возрасни луѓе се со прекумерна тежина. Во Малта (62,5%), Исланд (62,0%) и Латвија (60,4%) е дури над 60%. Единствените европски земји каде помалку од 50% од населението е со прекумерна тежина се Италија (41,9%), Швајцарија (45,6%), Франција (46,4%), Кипар (47,9%), Црна Гора (48,1%), Холандија (48,3%) ), Белгија (48,9%) и Луксембург (49,7%). Но, да бидеме искрени, дури и резултатот на Италија од 41,9% е шокантно висок.

Индексот на телесна маса (БМИ), според Евростат, од каде се земени и податоците, се дефинира како тежина во килограми поделена со квадратот на висината во метри. Луѓето на возраст од 18 години или повеќе се сметаат дека имаат недоволна тежина со (БМИ помал од 18,5), нормална тежина (БМИ помеѓу 18,5 и помалку од 25) и пред-дебела (БМИ помеѓу 25 и помалку од 30). Категоријата прекумерна тежина (БМИ еднаков или поголем од 25) ги комбинира двете категории пред-дебели и дебели.

Вознемирувачко видео: Куче фрлено од зграда во Тетово

На социјалните мрежи се шири вознемирувачко видео на кое се гледа како куче паѓа од балкон на зграда, од голема висина.

-Педесет и осумгодишниот тетовец Ѓ.З. вчера (22 март) во 18 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот од балкон на зграда во изградба на улица “Благоја Тоска” во Тетово,, спроти зградата во која тој живеел, од шесттиот кат паднало куче и набргу потоа yгинало. Кучето, според пријавеното, во објектот се обидувале да го заловат двајца тетовски пожарникари. Се расчистува и документира случајот, велат од МВР.

На видеото може да се чуе плач на кучето пред да падне од голема висина, а од зградата се слушаат гласови.

Поднесено обвинение против Тони Цетински: Пејачот може да биде казнет со 8 години затвор

Специјалното обвинителство на Хрватска за сузбивање на корупција и организиран криминал поднесе обвинение против Тони Цетински откако беше утврдено дека користел лажен сертификат за вакцинација против коронавирусот, објави веб-страницата Империјал.

Како што дознава споменатиот медиум, на 28 декември 2023 година, заменик-обвинителот Вјекослав Шаулиќ до Жупанискиот суд во Загреб испратил обвинение против 18 лица, меѓу кои и познатиот пејач.

Тони Цетински е обвинет дека платил за да добие лажни потврди за вакцинација против Ковид.

Обвинетите се товарат дека дале пари, така што медицинската сестра, која тогаш работела во Здравствениот дом Загреб и била овластена да пристапува и да внесува податоци во информацискиот систем на Министерството за здравство, лажно ја внесувала информацијата, дека обвинетите биле вакцинирани.

– Кој нуди поткуп на службено или одговорно лице за да изврши службено или друго дејствие што не треба да го изврши во или надвор од границите на неговите овластувања ќе се казни со затворска казна од една до осум години – се наведува во дописот.

Популарно