Од 1 ноември повеќе од 40 модели на паметни телефони нема да можат да го користат WhatsApp

Најпопуларната апликација за разговор во светот наскоро повеќе нема да може да се користи на повеќе од 40 модели на паметни телефони со Android и iPhone. Од 1 ноември, нивните сопственици ќе останат без можност да користат WhatsApp.

Причина за тоа се новите ажурирања за Android, кои на корисниците им носат повисоко ниво на безбедност, и кои не се компатибилни со постарите уреди, односно верзиите на оперативните системи што ги користат.

Кога станува збор за специфични уреди, сите телефони што користат оперативен систем Андроид постар од верзијата 4.1 (Android Jelly Bean) ќе бидат „погодени“.

Корисниците на постарите модели на iPhone кои не можат да се инсталираат со оперативниот систем iOS 10, односно iPhone 4S и постари, исто така остануваат без WhatsApp. Меѓутоа, WhatsApp нема да може да го користат сопствениците на понови iPhone телефони, доколку сепак користат iOS 9, поради што прво ќе треба да го ажурираат оперативниот систем.

Следните телефони нема да можат да ги користат услугите на WhatsApp:

Ќе се бришат милиони сметки на Gmail

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа.

Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години.

Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање.

Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега.

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат.

Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. 

Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефон

За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона.

Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка.

Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“.

Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа.

Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.

Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа

Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.   

Популарно