(Видео) Маж ја праша сопругата како го минала денот - одговорот ќе ве шокира

Ова видео и пораката која ја праќа допре до срцата на преку 7,7 милиони луѓе. Името на видеото е „Нормален ден“, а прикажува типичен ден на една мајка со своите две мали деца. Тоа е видео со кое многу мајки ќе се видат самите себе.

Мајката во видеото го почнува својот ден пред изгрејсонцето со викање на едно дете: МАМААА. Во нејзината соба има чудовиште и треба се теши. После тоа двете деца почнуваат да се караат, мајката мора брзо да делува за да ја среди ситуацијата.

Иако денот тек започнал, оваа супер мама многу добро ја поднесува секоја стресна ситуација. Тогаш е време за одење во продавница. Борбата почнува додека се обидува децата да ги смести во автомобил. Секако, самото купување е авантура за себе, но таа и тоа се успева да го поднесе без проблеми.

Тогаш доаѓа чистењето на нередот. Нејзината мала ќерка носи торта низ кујна. Мајката гледа дека не ја држи рамно, но не стигнува на време, целата торта паѓа на подот. Мајката седнува на под и се предава, но знае дека се тоа е дел од мајчинството.

Нејзиниот сопруг се враќа дома од работа и прашува како го минала денот, а таа му одговара дека се било нормално. Се присетува на целиот ден исполнет со разни детски проблеми и напади. Размислува за хаосот за време на ручекот. Размислува за непрестајното чистење на нередот и промената на пелените. Но за неа, тој хаос и стрес е нормален.

Многу мајки се чувствуваат пренатрупано од работа, под стрес и потценето. Затоа ова видео треба да го погледне секоја мајка. Оваа преубава порака на крајот секоја мајка заслужува да ја слушне.

Кога таткото ја праша ќерката како нејзината мајка го помина денот, нејзиниот одговор потполно ја изненади мајката.

Аца Лукас: „На венчавката ја изневерив бремената сопруга – после тоа таа со насмевка ѝ честиташе на мојата жена“

Во книгата „Ова сум јас“, Аца Лукас, меѓу другото, го опиша и својот прв брак. Светлана била првата голема љубов на пејачот, со која основал семејство.

“Цеца цветаше од среќа. Тоа лето во 1991 година отидовме на море. Тоа беше крајот на моето ергенство. Барем така мислев тогаш. Свадбата беше на сплавот “Лукас”. Имаше 200 сватови, моите пријатели свиреа, а јас повремено го земав микрофонот“.

„Денот почна по свадбениот протокол, кој прилично го намалив. Со пријател отидов да си ја пробам среќата на покер апаратите на свечениот ден. Кога се вратив дома, хармоникашот веќе на големо ги веселеше гостите. Пред зградата имаше трубачи, а со нив пееше и мајката на Светлана. Цеца беше во благословена состојба и само се смешкаше“.

“Не се сеќавам на многу детали од свадбата. Знам само дека од некаде се појави една моја бивша девојка од средно и дека се бакнувавме во тоалетот. Жените се чудо. Откако се љубеше со мене, таа и честиташе на мојата сопруга со насмевка за влегување во брачните води“.

„Денес само сфаќам колку кретен бев кон мојата прва сопруга, мојата прва, вистинска љубов. Вистински кретен! Умислував дека мојата сопруга не ме заслужува, дека сум нешто над неа. Таа страдаше. Сега знам дека во тоа време беше жена за мене, тивка придружничка на мојот подем, прекрасна мајка, обожавателка на моите родители.

Мартин Трпчевски: Пред да се оженам имав два телефони, едниот швалерски, едниот за работа!

Во новата епизода на повторно без влакна на јазикот двете водителки разговараат за теми кои ги засегаат и мажите и жените, но гледано од женска перспектива, овој пат со една добро позната гостинка на македонската јавност.

Ивана и Адријана во новото издание на Искрено со Јелена Спенџарска ја анализираа темата комуникација на мажи и жени. Какви се мажите во Македонија, а какви се во странство? Како да го одбереш вистинскиот партнер, кој на кого треба да пријде? 

Кај нас во Македонија мажите се емоционално незрели. Мене мажот ми се појави кога не го барав, рече Спенџарска во сочниот со женски муабети поткаст Искрено на zase.mk. Се збореше и за тоа што ги прави жените одбивни за мажите, но и кои слабости не би требало да излезат на воделина, барем во почетокот на врската. Да не ви раскажуваме сѐ, погледнете го целиот поткаст, коментирајте и поставете прашања кои би сакале да ви бидат одговорени. 

(Фото) Вака изгледа љубовницата со која живее 15 години двоен живот

Разводот на Џенан Лончаревиќ стана главна тема во медиумите, а сите дополнително се изненадени што пејачот решил да се разведе дури сега, со оглед на тоа што веќе 15 години живее со извесна љубовница Милица во Белград.

И додека неговата законска сопруга Самира Лончаревиќ изминативе денови се огласи во медиумите, невенчаната сопруга на Џенан со која живее и понатаму молчи.

Таа сега е снимена како го чека пејачот пред зграда кога тој се враќаше од настап, а со оглед на тоа што го „улови“ екипата на „Папарацо Лов“, сите имаа можност да ја видат на малите екрани.

Избраничката на Џенан на прв поглед не наликува на неговата сопруга со која е во брак 25 години. А сопругата на Џенан во исповед за медиумите последниве денови изјави дека се плаши да остане на улица:

– Во сето ова барам само да се почитува законот, не барам ништо повеќе. Впрочем, јас сум вработен во тој суд, ја водам кривичната канцеларија и знам како оди се. Барам да се закажат предметите пред мене, ако се итни тогаш моите нека бидат пред сите останати. Дали ќе биде утре, задутре или за еден месец, се додека го следи законот ќе биде во ред. Таа и нејзиниот адвокатски тим сега апелираат од сите страни да се забрза процесот за развод – изјави Самира.

– Најголем проблем е имотот, доживеав дека после 25 години брак сакаат да ме исфрлат од дома. Веднаш би го потпишал барањето за развод, веднаш, но проблемот е имотот, бидејќи се што купил е ставено на име на мајка му. Сега купил стан во Белград на име на таа жена, го ставил на нејзино име да не можам да добијам ништо. Тоа е проблемот – изјавила законската сопруга на Џенан, со која има два сина. Таа вели дека не се грижи за себе, но се грижи за децата.

– Нормално, никогаш не би си дозволила да разговарам со новинари доколку го немав овој проблем и сега немав каде да одам. Куќата во која живееме е половина негова, половина на брат му, а всушност по 25 години брак четвртина од куќата ми припаѓа мене затоа што се останато што го стекнал е ставено на туѓи имиња. Немам друг избор освен да се борам да им обезбедам на моите деца кои немаат ништо на нивно име – истакнува оваа жена и додава:

– Имам за себе, имам плата и би се снашла, но сакам да им обезбедам денес, утре, ако се случи нешто, што би направиле? Има добар однос со децата. Децата многу го сакаат. Доаѓа еднаш на 15 дена и тогаш ги гледа. Кога доаѓа во Пријепоље, останува во истата куќа каде што сум и јас, но не комуницираме. Нашата врска е нарушена. Нашите адвокати се слушаат, не сме разговарале од летото минатата година. Во февруари добив барање за развод – заклучи Самира Лончаревиќ.

И додека Самира реши да зборува, Џенан нема намера да зборува, туку својата ситуација целосно ја препушта на судот.

Популарно