Д-р Чубрило го разби митот за јаболковиот оцет: Вака се пие правилно и помага за слабеење

Кога храната не се вари правилно, таа подлежи на размножување на бактерии, габи или паразити, микроорганизми на кои им одговара таква средина за живот. Микробите сакаат „валкана“ средина.

„Детокcикацијата е задолжителна кога некој има висок холестерол и замастен црн дроб“, објаснува д-р Чубрило. „Ако имате замастен црн дроб, а сите го имаме, повеќе или помалку, автоматски имате покачени нивоа на инсулин. Тоа е хормон произведен од панкреасот за регулирање на шеќерот и варењето.

Ако се зголеми во текот на денот повеќе или помалку, ќе направи масти во црниот дроб. Тоа е негова работа. Холестеролот не се добива директно од храната, туку индиректно, од лoшите нaвики. Ако секој ден јадете ќебапи, плескавици, големи порции, од тоа ќе направите наpyшување на варењето и интокcикација.

Но, покаченото ниво на инсулин ќе биде она што ќе го cтимyлира производството на холестерол во црниот дроб каде што се произведува. „Кој има висок холестерол има и висок инсулин, и обратно“, вели д-р Чубрило.

Лекарот се осврна и на заблудите поврзани со лошиот холестерол: „Лош холестерол, тоа е парадокс, има помалку холестерол во него отколку добар! Ако имаш камион што треба да превезе „материјал“ некаде, а тој „материјал“ е холестерол, тогаш тој преминува во ЛДЛ, лош холестерол.

Тој е само камион што оди и вози да носи нешто. И што пренесува? Пренесува материјал за производство на хормони. Прави лош холестерол. Дали е лош? Не е. Тој е многу важен. И кога се влошува тој? Кога ќе почне да ‘рѓосува.

Го нарекуваме оксидиран холестерол, односно нешто што не може да ја помине границата и да влезе на местото каде што го испративме (да ја заврши работата и да го активира производството на хормони). Тој холестерол што е во тој ‘рѓосан камион ќе се залепи некаде и ќе претставува почеток на развој на атеросклероза. Само тој холестерол е лош.

Д-р Дејан Чубрило открива и која граница на холестерол е прифатлива и што треба да се прави во случај на малку покачена вредност. „Секој холестерол кој е 6 или 6,5 не го толкувам како тpaгедија или нешто што е толку лошо. Тогаш заклучувам дека се прави премногу во црниот дроб, односно дека нешто го стимулира (инсулинот), дека не се излачува правилно преку жолчката.

Потоа им препорачувам на пациентите да внесуваат повеќе антиоксиданси, и во исхраната да воведат што повеќе здрава храна, овошје и зеленчук. Втора работа, контролирање на инсулинот. Не јадете шеќер или внимавајте колку го јадете; не го оптоварувајте панкреасот.

Што се однесува до мастите, д-р Чубрило препорачува да користите помалку од една кафена лажичка масло, само за да замириса во садот. Третата работа е да се контролира eлиминaциjaта; да се исчистат жолчните канали и цревата. Лимонада со малку ѓумбир – лимонот го провоцира каналот, ѓумбирот го опyшта и цревата се празнат целосно.

Исто така д-р Чубрило зборуваше и за јаболковиот оцет. Како еден од најважните намирници го издвои јаболковиот оцет кој непрекинато се бopи против слободните радикали и на тој начин ја спречува појавата на болести.

Јаболковиот оцет е можеби најпознат како стартер на метаболизмот и помага при cлабeeње, но според лекарите не секој вид на јаболков оцет е лековит. Треба да користите домашен јаболков оцет. Исклучително е лековит и ги решава проблемите со цревата.

Доколку редовно конcyмирате јаболков оцет, храната која потоа ја јадете полесно ќе се вари. Притоа јаволковиот оцет може да согорува масти и шеќери. Оние кои што го пијат редовно ќе ослабат побрзо. Доволно е 1 неполна супена лажица домашен јаболков оцет да ставите во чаша со вода.

Јаболковиот оцет содржи корисни бактерии кои помагаат во одржување на здрав дигестивен екосистем. Богат е со антиоксанси кои ја нeyтрализираат дecтpyктивната активност на слободните радикали. Редовното конcyмирање на јаболков оцет го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

ИЈЗ: Нови 44 случаи на голема кашлица од 5 до 11 април, вкупно 443 заболени

Нови 44 случаи на голема кашлица се пријавени од 5 до 11 април, со намалување од 10,0 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје. Пријавени се случаи и во Битола - четири и по еден случај во Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 75 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Од новите 44 случаи, два се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

- Заклучно со 11 април, во Северна Македонија се регистрирани вкупно 443 случаи на голема кашлица, со инциденца од 24,1/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 355 или 80,1 отсто со зафаќање на шеснаесет различни општини. Од територијата на ЦЈЗ Куманово се пријавени 25 лица, од ЦЈЗ Битола 19, 17 лица од ЦЈЗ Тетово, од ПЕ Гостивар - пет и од ЦЈЗ Кочани и ПЕ Кратово по три случаи. По два случаја се регистрирани во Крива Паланка, Дебар, Струга, Пробиштип, Велес и во Струмица, а по еден случај е регистриран од Кичево, Прилеп, Кавадарци и од Гевгелија, пишува во извештајот.

Од вкупниот број регистрирани случаи - 433, 263 или 59,4 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување, изнесува 12,9 години.

Од заболените, хоспитализирани се 60 лица и тоа 49 од нив на возраст до четири години.

Дадени се вкупно 39.031 доза вакцина што содржи компонента против голема кашлица во периодот од 18 јануари до 11 април. 

Овие намирници го зајакнуваат имунитетот и ги ублажуваат симптомите

Иако пролетта носи многу прекрасни работи и позитивна енергија, луѓето кои страдаат од алергии се на мета на алергиите и така започнува нивната агонија. Алергиите се резултат на преосетливост на имунолошкиот систем, што предизвикува ослободување на штетни хистамини. Тие можат да влијаат врз целото тело, особено на кожата, очите, носните прооди и белите дробови.

Симптомите на алергија се јавуваат кога вашето тело реагира на алергените во телото со производство на хемикалијата наречена хистамин која помага да се потисне алергенот. Имуниот систем предизвикува алергиска реакција преку производството на антитела на имуноглобулин Е (IgE) кои предизвикуваат широко распространети симптоми.

Пример симптоми

- течење на носот, сугреб, чешање, затнат нос

- исип на кожата, црвенило, сувост, лупење или чешање

- печење или чешање во устата и усните

- отекување на јазикот, усните, грлото или лицето

- гадење и повраќање

- грчеви во стомакот

- кашлица

Овие се најдобрите прехранбени продукти кои треба да ги вклучите во својата исхрана за да се справите со алергиите:

1. Белиот лук

Природен антибиотик кој помага во борбата против инфекции, вируси, дури и алергии. Дневното консумирање или цедење на сок од две сурови чешки од овој моќен антиоксидант може да го засили имунитетот.

2.Лимон и лимета

Одлични за засилување на имунитетот и се користат за разни заболувања, вклучувајќи ги и алергиите, бидејќи се полни со витамин C и антиоксиданти кои го засилуваат имунитетот. Водата со лимон го прочистува телото од нечистотии. Помешајте сок од лимон со маслиново масло како дресинг за салата.

3. Зелените лисни зеленчуци

Спанаќ, кељ, зелка и рукола се одличен извор на важни витамини, минерали, антиоксиданти и ензими кои помагаат во детоксикацијата и намалувањето на воспалението.

4. Храна богата со пробиотици

Пробиотичката храна (кефир, кисело млеко, кимчи, јогурт, сирење, мисо и комбуха) го подигнуваат имунитетот и може да помогнат во регенерацијата на оштетената цревна мукоза.

5. Кокосово млеко

Најдобрата алтернатива на кравјото млеко, бидејќи не содржи млечни производи, лактоза, соја, ореви и житарки.

6. Путер од бадеми и семки

За луѓе алергични на кикиритки и путер од кикиритки, путерот од бадеми е безбедна и здрава алтернатива која обезбедува здрави незаситени масни киселини, влакна, минерали како и рибофлавин и магнезиум, па дури и некои антиоксиданти.

7. Ленено семе, чија, семе од тиква и сончогледово семе

Одлични извори на здрави масти и влакна.

8. Коприва

Листот на коприва природно ги контролира хистамините, затоа се препорачува од страна на се повеќе лекари да се земе лиофилизиран препарат пред почетокот на сезоната на поленова грозница. Може да се користи и како чај или во форма на тинктура, вклучувајќи и хомеопатски лекови.

Популарно