Ве касаат многу комарци? Еве зошто е тоа така

Колку и да се трудат да ги избегнат комарците и да користат разни препарати, некои луѓе едноставно се магнет за овие напади. И постои добра причина зошто е тоа така. Неколку фактори влијаат на тоа дали комарците ве напаѓаат или да ве заобиколуваат.

Ги привлекува мирисот на кожата

Мирисот на кожата на кој реагираат комарците зависи од нивниот вид. Жолтите и тигрестите комарци реагираат на млечна киселина, додека видот „Anopheles“ ги привлекува масна киселина.

Мешавината од хемикалии и мириси навистина зависи од вас. Шминка, козметика, исхрана, pH на кожата, сите овие работи сочинуваат мешавина од хемикалии, така што вашиот мирис всушност зависи од вас и од тоа што користите и јадете.

Ги привлекува здивот

Важно е да се напомене дека комарците ги следат луѓето по мирис.

- Женките-комарци ги вклучуваат сите свои сетила кога одлучуваат дали сакаат да каснат некого. Јаглерод диоксидот што луѓето го издишуваат заедно со различни хемикалии создаваат мирис што комарците го мирисаат дури и кога се на 30 метри оддалеченост од луѓето - вели биологот Барт Ноулс, кој ги проучува комарците.

Температура на телото и испарување на водата

Нашите тела испуштаат топлина, а количината на вода што испарува од површината на кожата зависи од температурата на околината. Како што ни се приближува комарецот, може да го открие испарувањето на водата. Ова може да игра одлучувачка улога во тоа дали сме привлечни за комарците.

Една студија покажа дека комарците одат до блиските извори на топлина кои се нивните идеални температури. Секој човек ослободува повеќе од 300 различни хемикалии од кожата, а дури 100 од нив се во здивот. Постојат различни теории за тоа зошто една личност е попривлечна за комарците, а многумина велат дека тоа е затоа што имаат „слатка“ крв.

Некои, исто така, веруваат дека земањето витамин Б и лук ги прави луѓето помалку привлечни за овие инсекти.

Неколку совети, како да се заштитите

Ќе ја излади кожата и ќе ја смири работата, но обидете се да не претерувате со количината…

Каснувањето од комарец може да биде многу непријатно, да чеша и иритира. Чешањето е често неподносливо и има многу црвенило. Сепак, постојат неколку трикови за борба против убодот од комарец.

Коцка мраз

Имунологот др. Пајел Гупта предупредува дека со чешањето не добивате ништо, туку само го зголемува ризикот од инфекција бидејќи местото на убодот го отворате за бактериите од вашата околина. Таа сугерира дека алкохолот е ефикасно средство во борбата против убодот од комарец, кој треба да го втриете на местото на каснувањето.

Дополнително, докторката советува дека коцката мраз е многу ефикасна и го намалува воспалението и чешањето.

Таа истакнува дека кремите против чешање се многу ефикасни, бидејќи ги намалуваат иритациите и воспалението, но дека алкохолот е далеку поефикасен. Ќе ја излади кожата и ќе ја смири работата, но обидете се да не претерувате со количината за да не ја иритирате и исушите кожата.

Ладна вода

– Местото на пункција можете да го измиете и со ладна вода и сапун, за ублажување на чешањето – заклучила др. Гупта.

Покрај ова, постојат многу ефикасни начини да се заштитите од комарци, а еден од нив е и јаболковиот оцет. Со него сигурно ќе бидете мирни.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот

Иако веќе неколку години се зборува да се прекине со оваа пракса на поместување на времето сепак таквите најави не се остварија и затоа летното сметање на времето почнува од вечерва поточно од 2 часот по полноќ.

Тогаш стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред и времето ќе се смета како од 03:00 часот.

Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што тогаш со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот.

Популарно