Македонските специјалци денеска на вежба во Софија со своите бугарски колеги

На вежбата, како што е најавено, ќе присуствува и делегација на МВР, предводена од министерот Оливер Спасовски, која претходно ќе одржи и билатерална средба со бугарската делегација. 

Заедничка вежба на полициските единици при Одделот за специјални полициски операции на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и специјалните полициски единици на Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија ќе се одржи денеска во Софија.

На вежбата, како што е најавено, ќе присуствува и делегација на МВР, предводена од министерот Оливер Спасовски, која претходно ќе одржи и билатерална средба со бугарската делегација.

Министерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил ја сподиле следнава објавач

 

Денеска, во Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија во Софија остварив билатерална средба со мојот бугарски колега Бојко Рашков, а на покана за присуство на заедничка вежба на нашите две специјални единици.

Од денешнава средба можам со задоволство да констатирам дека ние, како две соседни држави, сме упатени на меѓусебна соработка и наш заеднички интерес е да имаме добри резултати и придобивки од ваквата соработка, што е еднакво важно како за министерствата за внатрешни работи на двете земји, така и за нашите две држави, но и за регионот.

Ние сме посветени на унапредувањето и продлабочувањето на билатералната и оперативна меѓународна соработка со МВР на Република Бугарија, во насока на зајакната регионална соработка, како еден од нашите главни приоритети, посебно во делот на сузбивање на организираниот криминал, трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, недозволената трговијата со дрога и справувањето со илегалната миграција.

Благодарност до мојот колега домаќин, министерот Рашков, за топлиот пречек и конструктивните разговори што ги имавме денеска.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно