Ова се првите индикатори дека во вашиот организам се појавил рак

Ако на телото и во него се случуваат промени, кои не можат логички да се објаснат, можно е да се работи за развој на ракот. Препознајте ги раните симптоми и спасете го својот живот.

Раното откривање на ракот може да го спаси вашиот живот. Постојат многу рани индикации дека некаде во телото се појавил рак, а по тоа каде настанале пречките може да се заклучи за каков вид на рак се работи.

Овие симптоми често можат да се видат многу порано пред лекарската дијагноза, само треба да се обрне внимание.

1. Отежнато дишење или останување без здив.

Еден од првите знаци на рак на белите дробови е неможноста да се земе воздух – отпосле се сеќаваат луѓето кои го победиле ракот.

2. Хронична кашлица или болки во градите.

Неколку видови на рак, вклучувајќи ја леукемијата и ракот на белите дробови, предизвикуваат симптоми како кашлицата и бронхитисот. Некои луѓе заболени од рак на белите дробови, кажале дека тие првично почувствувале болка во градите која се протегала кон рамото или надолу во раката.

3. Честа треска или инфекции.

Тоа можат да бидат знаци на леукемија – рак на крвните клетки, кој започнува во коскената срцевина. Леукемијата предизвикува абнормално производство на бели крвни клетки, со што се поткопува способноста на телото да се бори против инфекциите.

4. Тешкотиите при голтање.

Проблемите со голтање најчесто се поврзани со рак на хранопроводникот или на грлото. Исто така, понекогаш може да биде една од првите показатели на ракот на белите дробови.

5. Отечени лимфни јазли или грутки на вратот, под пазувите или на препоните.

Зголемените лимфни јазли покажуваат промени во лимфниот систем, кој може да биде знак дека во телото се појавил рак.

6. Прекумерна појава на модринки или крварење, кое не престанува.

Овие симптоми обично укажуваат дека нешто ненормално се случува со тромбоцитите и еритроцитите – што може да биде знак на леукемија. Со текот на времето, леукемијата ги истиснува црвените крвни зрнца и тромбоцитите, и така ја нарушуваат способноста на крвта да пренесува кислород низ телото.

7. Слабост и замор.

Појавата на постојан замор и слабост е симптом на многу видови на рак, па тоа треба да се гледа во комбинација со други симптоми. Ако постојано се чувствувате исцрпени, без логично објаснување и без разлика што многу спиете, не заборавајте да посетите лекар.

8. Надуеност и зголемување на телесната тежина во стомакот.

Жената со дијагноза рак на јајчник многумина од нив кажале дека страдале од необјаснета надуеност која доаѓала одненадеж и траела долго време. Потоа исчезнувала и се појавувала повторно.

9. Чувство на ситост и губење на апетитот.

И ова може да биде еден од симптомите на рак на јајчник. Жените кои го имале раскажувале дека не можеле да јадат дури и кога подолг период биле без храна.

10. Болка во карлицата и во абдоменот.

Болката и грчеви во стомакот и карлицата може да се поврзат со надуеност, која често сигнализира дека се работи за рак на јајчник. Леукемијата, исто така, знае да предизвика болка во стомакот – поради зголемена слезина.

11. Ректално крварење или крв во столицата.

Тоа е вообичаен симптом на рак на дебелото црево. Ако видите крв во текот на извршувањето на големи итни нужди, одете на лекар што е можно поскоро.

12. Необјаснето губење на тежината.

Губење на тежината е ран знак за рак на дебелото црево и други видови рак на дигестивниот систем. Ова може да значи дека ракот веќе се проширил на црниот дроб што влијае на апетитот и неспособноста на организмот правилно да се ослободува од токсините.

13. Грчеви во желудникот или чести болки во стомакот.

Може да укажуваат на рак на дебелото црево.

14. Црвени, болни и отечени гради.

Овие симптоми може да укажуваат на воспалителен рак на дојка. Контактирајте го вашиот лекар ако видите какви било необјаснети промени на вашите гради!

15. Промена на изгледот на брадавиците.

Еден од најчестите промени кои жените ги забележуваат пред самата лекарска дијагноза на рак на дојка се промени на изгледот на брадавиците. Знаат да станат сплескани, вовлечени, или свртени на една страна.

16. Невообичаено тешки и болни циклуси или крварење помеѓу циклусите.

Многу жени страдале од тоа пред да им е дијагностициран рак ендометрија или рак на матката. Ако тоа е и кај вас така, би било добро да одите кај гинеколог на вагинален ултразвук.

17. Оток на лицето или црвенило.

Некои пациенти дијагностицирани со рак на белите дробови забележале дека се соочуваат со потечено лице или со невообичаено црвено лице. Мали туморски клетки обично ги блокираат крвните садови во градниот кош и ѝ попречуваат на крвта да циркулира слободно низ главата и лицето.

18. Промените на кожата кои не исчезнуваат.

Може да се работи за различни видови на рак на кожата – меланом, карцином на базалните клетки и карцином на плочестите клетки. Периодично проверувајте го изгледот на кожата по целото тело.

19. Промени на ноктите.

Необјаснети промени на ноктите може да бидат знак на неколку видови на рак. Кафеави или црни ленти, или точки под ноктите – на рак на кожата. Појавата на проширени нокти кои се виткаат навнатре понекогаш е индикација дека се појавил рак на белите дробови, а бледи или бели нокти може да укажуваат на рак на црниот дроб.

20. Болка во грбот или долниот дел на грбот.

Многу заболени луѓе велат дека ова е првиот знак на рак на црниот дроб. Ракот на дојката, исто така, често се дијагностицира преку болниот грб – тоа понекогаш се случува бидејќи ракот врши притисок или веќе се проширил на ‘рбетот или на ребрата,.

Извор: kukuriku.com.mk

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

ИЈЗ: Нови 44 случаи на голема кашлица од 5 до 11 април, вкупно 443 заболени

Нови 44 случаи на голема кашлица се пријавени од 5 до 11 април, со намалување од 10,0 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје. Пријавени се случаи и во Битола - четири и по еден случај во Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 75 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Од новите 44 случаи, два се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

- Заклучно со 11 април, во Северна Македонија се регистрирани вкупно 443 случаи на голема кашлица, со инциденца од 24,1/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 355 или 80,1 отсто со зафаќање на шеснаесет различни општини. Од територијата на ЦЈЗ Куманово се пријавени 25 лица, од ЦЈЗ Битола 19, 17 лица од ЦЈЗ Тетово, од ПЕ Гостивар - пет и од ЦЈЗ Кочани и ПЕ Кратово по три случаи. По два случаја се регистрирани во Крива Паланка, Дебар, Струга, Пробиштип, Велес и во Струмица, а по еден случај е регистриран од Кичево, Прилеп, Кавадарци и од Гевгелија, пишува во извештајот.

Од вкупниот број регистрирани случаи - 433, 263 или 59,4 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување, изнесува 12,9 години.

Од заболените, хоспитализирани се 60 лица и тоа 49 од нив на возраст до четири години.

Дадени се вкупно 39.031 доза вакцина што содржи компонента против голема кашлица во периодот од 18 јануари до 11 април. 

Овие намирници го зајакнуваат имунитетот и ги ублажуваат симптомите

Иако пролетта носи многу прекрасни работи и позитивна енергија, луѓето кои страдаат од алергии се на мета на алергиите и така започнува нивната агонија. Алергиите се резултат на преосетливост на имунолошкиот систем, што предизвикува ослободување на штетни хистамини. Тие можат да влијаат врз целото тело, особено на кожата, очите, носните прооди и белите дробови.

Симптомите на алергија се јавуваат кога вашето тело реагира на алергените во телото со производство на хемикалијата наречена хистамин која помага да се потисне алергенот. Имуниот систем предизвикува алергиска реакција преку производството на антитела на имуноглобулин Е (IgE) кои предизвикуваат широко распространети симптоми.

Пример симптоми

- течење на носот, сугреб, чешање, затнат нос

- исип на кожата, црвенило, сувост, лупење или чешање

- печење или чешање во устата и усните

- отекување на јазикот, усните, грлото или лицето

- гадење и повраќање

- грчеви во стомакот

- кашлица

Овие се најдобрите прехранбени продукти кои треба да ги вклучите во својата исхрана за да се справите со алергиите:

1. Белиот лук

Природен антибиотик кој помага во борбата против инфекции, вируси, дури и алергии. Дневното консумирање или цедење на сок од две сурови чешки од овој моќен антиоксидант може да го засили имунитетот.

2.Лимон и лимета

Одлични за засилување на имунитетот и се користат за разни заболувања, вклучувајќи ги и алергиите, бидејќи се полни со витамин C и антиоксиданти кои го засилуваат имунитетот. Водата со лимон го прочистува телото од нечистотии. Помешајте сок од лимон со маслиново масло како дресинг за салата.

3. Зелените лисни зеленчуци

Спанаќ, кељ, зелка и рукола се одличен извор на важни витамини, минерали, антиоксиданти и ензими кои помагаат во детоксикацијата и намалувањето на воспалението.

4. Храна богата со пробиотици

Пробиотичката храна (кефир, кисело млеко, кимчи, јогурт, сирење, мисо и комбуха) го подигнуваат имунитетот и може да помогнат во регенерацијата на оштетената цревна мукоза.

5. Кокосово млеко

Најдобрата алтернатива на кравјото млеко, бидејќи не содржи млечни производи, лактоза, соја, ореви и житарки.

6. Путер од бадеми и семки

За луѓе алергични на кикиритки и путер од кикиритки, путерот од бадеми е безбедна и здрава алтернатива која обезбедува здрави незаситени масни киселини, влакна, минерали како и рибофлавин и магнезиум, па дури и некои антиоксиданти.

7. Ленено семе, чија, семе од тиква и сончогледово семе

Одлични извори на здрави масти и влакна.

8. Коприва

Листот на коприва природно ги контролира хистамините, затоа се препорачува од страна на се повеќе лекари да се земе лиофилизиран препарат пред почетокот на сезоната на поленова грозница. Може да се користи и како чај или во форма на тинктура, вклучувајќи и хомеопатски лекови.

Популарно