Левица: СДСМ и ДУИ се единствен фактор на дестабилизација

СДС И ДУИ СЕ ЕДИНСТВЕН ФАКТОР НА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА

Граѓаните вечерва беа сведоци на уште едно насилничко сценарио на пробугарската СДС и терористичката ДУИ, кога група кај Мавровка се обиде да ги каменува мирните демонстранти! Дел од лицата очигледно имаа намера да пукаат кон групата, а веќе во јавноста излегоа слики дека се работи за лица кои се партиски активисти на власта.

Јасно е дека се работи за смислено сценарио на власта во пад, со оглед на фактот дека пред неколку дена министерот Бујар Османи најави дека одбивање на предлогот ќе предизвика меѓуетнички тензии.

Фактот што народот се обедини како никогаш досега против таканаречениот француски предлог, доведе да СДС и ДУИ прибегнат кон нивните познати тактики на сценирани конфликти.

Тоа што министерот Оливер Спасовски постојано најавува дека има информации за тензии, наместо да преземе активности за да ги превенира истите - само потврдува дека хибридниот режим не избира методи за да ја спаси власта.

Денес бевме сведоци дека и покрај исценираните настани од вчера, илјадниците кои излегоа на протест не подлегнаа на провокациите кај Мавровка и продолжија да маршираат.

Единствени генератори на криза, поделба и меѓуетнички тензии се врховистичката СДС и амнестираната ДУИ!

Едно е јасно, народот излегува секој ден помасовно да протестира против распродавањето на АСНОМ-ските вредноста од една генерација на купени и уценети политичари.

Народот доаѓа по своето и нема сила која може да го сопре.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно