(Фото) Што се случува вечерва на Кружниот тек кај Католичка?

Апсење се случи вечерва на кружниот тек кај Католичка Црква, објави порталот Инфомакс.
 

На фотографијата може да се забележи зголемено полициско присуство кај кружниот тек, се гледаат четири полициски возила.

Полицијата на местото на настанот вели дека станува збор за расправија во сообраќајот, за што не е потребно толкаво полициско присуство.

ВИДЕО: Невремето откорна лимен кров од зграда во Аеродром

Освен откорнато дрво, инциден кој за среќа помина без повредени, невремето во Скопје денеска откорна кров од зграда во скопсјата населба Аеродром.

Од денешното невреме во Скопје објавена е снимка од Острово, на која се гледа како ветерот корне дел од лимен покрив од зграда, кров кој е саниран пред година-две.

На снимката се гледа како лимениот кров се бори со ветерот и на крај ја губи битката.

ФОТО: Невремето кое го зафати Скопје откорна дрво во скопски Аеродром

Краткотрајното невреме што го зафати попледнево Скопје направи низа проблеми во градот.

Имено, според фотографиите и информациите кои до нашата редакција ги испратија нашите читатели, попладнево во скопски Аеродром позади поликлиниката „Јане Сандански“ паднало големо дрво.

Спорд информациите, за среќа во инцидентот нема повредени ниту оштетени возила.

Утре без струја неколку скопски населби

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе бидат следните корисници:

-Во период од 07,30 до 15,30ч дел од улиците Иван Хаџи Николов 3 и Иван Хаџи Николов 5, дел од улиците Герника 10, Герника 3, Герника 5, Герника 7 и Герника 8 (Кисела Вода)

-Во период од 07,30 до 15,30ч дел од ул. Блажо Орландиќ (парни од 8 до 16) (Aеродром)

-Во период од 09,00 до 14,00ч село Крушопек(Карпош)

-Во период од 09,00 до 14,00ч с. Пагаруша(Студеничани)

Популарно