Стерули Штерјоски: Во два по полноќ возеше од Црна Гора, само да стаса во Крушево

Каде и да имал концерт во регионот, колку и доцна да завршувал, на Тоше Проески не му било тешко и ноќе да вози по неколку часа, само да стаса во своето родно Крушево. Тоше секој слободен миг сакал да го користи да биде дома, со семејството и со другарите. 

Стерули Штерјоски, кој е другар на Тоше од детството со љубов сподели спомени со својот пријател, пред концерот кој ќе се одржи на 5 октомври пред платото на Спомен куќата, точно 15 години по последниот концерт на Тоше. 

Стерули како член на Управниот одбор на Спомен куќата, која го организира концертот, е ангажиран со подготовките за ѕведеното небо кое годинава, на 5 октомври, за првпат ќе засвети во Крушево, на негова голема радост. Настанот е поддржан од Министерството за култура. 

-Ѕвезденото небо за Тоше ќе се случува на платото пред неговата Спомен куќа во Крушево, со почеток во 19 часот, а дел од него ќе бидат следните музички гости: Каролина Гочева, Бени Шаќири, Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Ѓоко Таневски, Мартинијан Кириловски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Влатко Груевски, Омар Џафероски и Билјана Јосифов. Тие ќе настапат во придружба на Камерен оркестар на Битола, под водство на Владимир Димовски и на Бендот на Тоше. Ги повикуваме сите фанови од Балканот, со своето присуство и со своите мобилни телефони да го збогатат Ѕвезденото небо за Тоше и да споделат љубов и сеќавања на концертот кој е наречен „Со љубов за Тоше“. Неговата љубов за сите нас се’ уште трае и постои во секој негов стих и нота“, велат од Спомен куќата. 

Стерули пак, за Женски магазин раскажа каков беше Тоше, свој на своето, кога доаѓал во Крушево. Неговата голема душа ја знаеа многу луѓе, но најдобро оние кои од дете живееле со него, како Штерјоски. 

-Беше многу среќен, што последната година успеа да остане два месеци дома. Еднаш, а ми раскажа неговиот другар, пејачот Бојан Маровиќ имал концерт во Цетиње, во Црна Гора. Организаторот на концерот имал обезбедено хотел и го молел по настапот да остане, да се одмори. Концертот завршил во два по полноќ, а Тоше не сакал да слушне, возел назад до Крушево, само да преспие дома“, ни раскажа Стерули. 

Тој зборува и за мирољубовоста на својот другар, и умешноста да ги смирува и да ги зближува луѓето. Кога доаѓал во Крушево, тој не бил ѕвезда, туку дете од соседството, како и сите тие. Стерули со радост се сеќава како по забавите во нивниот омилен ноќен клуб, оделе на Гумење или на Мечкин камен, и јаделе топол леб со ајвар и сирење, кои ги носеле од дома. 

-Еднаш, на една забава во клубот беше дојден и Тоше. Тоа беше во екот на неговата голема популарност. Се случи две момчиња нешто да се скараат, и за малку ќе се случеше голема тепачка. Тоше ги виде, по скали истрча накај нив, ги фати двајцата и ги однесе надвор од клубот. Никој не знае што се случи и што им рече, но кога сите влегоа назад внатре, момчињата беа смирени, Тоше успеал да ги смири“, ни раскажа Стерули со гордост и со тага во гласот. Тоше никогаш не пропуштал да изигра одбојка со своите другари кога доаѓал во Крушево, не пропуштал да ги поздрави сите соседи, пријатели кога поминувал низ улиците на градот. 

-Му трeбаше 40 минути да стаса од центарот до дома, а од центарот до дома има две минути одење“, се сеќава другарот на Тоше. Стерули жали што нема повеќе фотографии со својот другар, зашто вели дека никогаш никој од друштвото не го доживувал како ѕвезда, и кога се гледале, не се фотографирале, мислејќи дека пред нив се уште долги години дружба.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, имате јасни цели и способни сте да ги постигнете, што ќе ви донесе напредок на работа. Можни се романтични средби, бидете отворени за нови познанства. Енергијата ви е на врвот, затоа искористете го денот за физички активности.

Бик

Фокусирајте се на долгорочни проекти и бидете упорни во остварувањето на целите. Трпението ќе ви биде наградено, особено во стабилните врски. Внимавајте на исхраната и редовно вежбајте за да ја одржите виталноста.

Близнаци

Бидете флексибилни и подготвени за промени, може да се појават нови деловни можности. Комуникацијата е клучна за успехот во љубовта, отворено изразете ги своите емоции. Менталната стимулација е клучна, започнете ново хоби или научете нешто ново.

Рак

Ракови, стабилноста на работа е важна, бидете организирани и ефикасни. Семејните односи се во фокусот, обрнете внимание на најблиските. Емоционалната состојба може да влијае на здравјето, потребно е да се одржува рамнотежа.

Лав

Креативноста ќе ви помогне да се истакнете, да бидете храбри во искажувањето на вашите идеи. Изразете ја својата страст и љубов кон партнерот, бидете романтични. Физичката активност ќе ви донесе добро расположение и енергија.

Девица

Вашите аналитички вештини ќе бидат клучни за решавање на деловните проблеми, бидете ефикасни. Поврзете се со вашиот партнер преку разговор и заеднички интереси. Внимавајте на деталите во секојдневните активности за подобро здравје.

Вага

Ваги, соработката со колегите ќе ви донесе успех, бидете отворени за тимска работа. Важна е хармонијата во врските, работете на мирно решавање на конфликтите. Урамнотежете ги вашите обврски за да избегнете стрес и да одржувате добро здравје.

Скорпија

Вашата упорност ќе биде наградена, бидете упорни во остварувањето на деловните цели. Можни се интензивни емоции, бидете искрени и отворени со партнерот. Фокусирајте се на емоционалното заздравување и ослободување од негативните емоции.

Стрелец

Бидете иновативни и подготвени за нови предизвици, искористете ја вашата креативност. Отворено комуницирајте со партнерот и избегнувајте конфликти. Активностите на отворено ќе ви донесат ментална и физичка ревитализација.

Јарец

Јарци, работете на градење авторитет и зголемување на продуктивноста на работа. Поставете јасни граници во односите за да ја зачувате хармонијата. Организирајте го вашето време и дадете приоритет на одморот за да ја зачувате виталноста.

Водолија

Иновативните идеи ќе ви донесат успех, бидете храбри во експериментирањето. Изразете ја вашата оригиналност и неконвенционалност во вашиот љубовен живот. Одржувајте ментална јасност преку медитација или релаксирачки активности.

Риби

Креативноста ќе ви донесе успех, ќе бидете инспирирани и поврзани со вашите таленти. Емоционалното поврзување со партнерот е клучно, бидете интуитивни во односите. Чувствителноста може да биде изразена, затоа посветете се на релаксација и одмор.

На Хари Стајлс му испратила 8.000 писма, но тоа не е сè: Опседната обожавателка заврши во затвор

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

-Но, тоа не е сè. Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

-Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим, изјави извор близок до Стајлс.

Таа доби забрана да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти

Танчерки во бели „пачка“ фустанчиња се собраа вчера во њујоршкиот хотел „Плаза“ за да го соборат светскиот рекорд во танцување на прстите.

Меѓу танчерките имаше девојчиња на возраст од девет до 19 години кои се натпреваруваат за стипендии, но и професионални танчерки. На музика од Петар И. Чајковски, балерините се префрлаа од едната нога на другата и обратно - на прсти и со поголема брзина. Тоа движење се нарекува „бурè“ на француски и девојките го правеа тоа цела минута.

Тина Ши, претставничка од „Гинисовата книга на рекорди“, го објави резултатот: „Имаше 353 девојки, тоа е нов Гинисов рекорд. Честитам!“.

Претставата е организирана од американската младинска програма за стипендии за балет „Јут Америка гранд при“, којашто ја прославува својата 25-годишнина со три вечерни изведби во „Линколн центарот“ за изведувачка уметност. 

Популарно