(Видео) Малата Миа љубоморна на прегратката на мама Луна и тато Марко

Луна Џогани и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ на своите ЈуТјуб канали често објавуваат видеа од нивниот живот.

Неретко знаат да објават и кратки содржини од симпатични моменти од секојдневието. Таков беше и последниот каде парот ја снимил реакцијата на нивната едногодишна ќерка Миа, додека тие се прегрнуваат.

Малата Миа демонстративно излегува од детската соба и негодува дека Луна и Марко се прегрнуваат. Според коментарот на Луна, ќерката е љубоморна и не сака никој друг да го гушка татко и’.

(Фото) Овој маж го освои срцето на Надица Адемов

Пејачката Надица Адемов неодамна објави дека е вљубена и дека конечно го пронашла човекот на својот живот.

Иако досега одбиваше да го покаже на јавноста, таа направи преседан за нејзиниот роденден.

Екипата на емисијата „Папарацо лов“ била на лице место, па успеале да го снимат нивниот страстен бакнеж и прегратките.

Надица истакна дека тој е вистинскиот и дека наскоро планира да застане на лудиот камен.

Лепа Лукиќ: Не сум во години сега да имам швалери

Пејачката Лепа Лукиќ од неодамна откри дека припадниците на посилниот пол се` уште и` приоѓаат на улица.

Меѓутоа, во емисијата „Магазин ин“ призна дека нема емотивен партнер и дека е во години кога тоа не се смета за пристојно.

„Немам никој, фала Богу, што било, било. Не можам во илјада години да имам партнери. Јас сакам да се дотерам, да ми даваат коментари, но гледам преку нив, не сум во години сега да имам швалери“, истакна пејачката.

(Фото) Познатата пејачка претера со Фотошоп

Додека трае празничната атмосфера, познатата пејачка Елма Синановиќ беше гостинка на Драгана Мирковиќ на снимањето на новогодишната програма.

Пејачката на една фотографија претера со фотошопот, а во оваа прилика откри како се случило.

-Учам како се прави тој фотошоп, бидејќи немам некој да ми ги средува сликите. Се извинувам на публиката ако претерав. Мислам дека тоа е вештачка криза, бидејќи со мене ништо не се случува, па луѓето сакаа да најдат нешто,  рекла Елма.

Популарно