Српската инфлуенсерка раскажа дека доживеала пекол на еден роденден

Српската инфлуенсерка Марија Радовиќ со своите следбеници на Јутјуб ја сподели приказната за, како што вели, некој наводно и истурил дрога во пијалокот на сплав, каде што таа гостувала на роденденска забава.

-Минатата година отидов на роденден со другарка, роденден кој се одржа на сплав. Нашиот пријател кој славеше роденден зеде две маси на тој сплав и условот беше две шишиња алкохол да се нарача. Зеде текила и можеби виски. Во тој момент решавам да пијам текила. Сè беше во најдобар ред, а потоа во еден момент двајца мажи се приближија до нашата маса. Еден со помал раст, пополн, кој влегува во разговор со мене. Ми ги зеде очилата, му реков да ги врати. Му реков дека не ме интересира, а тој беше напорен. После 10, 15 минути дојде друг дечко и почна да ми кажува „јас сум ти маж, јас сум твое момче“, во еден момент ми стана непријатно со него, му реков да се тргне од мене или ќе викнам обезбедување и тој се тргна, започнува Марија.

Како што изјавила понатаму, таа и друштвото почнале да наздравуваат, но тој алкохолен пијалок имал поинаков вкус и истакнала дека алкохолот седел на маса околу 20 минути.

-После тоа наздравивме, а мене таа чашка текила ми седеше на масата можеби 20 минути и ја испив. Кога пиев текила, вкусот беше поинаков, крајно горчлив, по неколку секунди се чувствував многу чудно. Како нешто да почна да ми поминува низ телото. Мислев дека се опив од една текила. Кога продолжив да играм, почувствував како ми трнат прстите и рацете, не знаев што се случува со мене и почнав да се чувствувам исклучително лошо. Седнав до другарка ми, а таа мислеше дека сум премногу пијана. Кога отидов да му кажам на мојот пријател дека ми е лошо, не можев да кажам ниту еден збор. Таа излезе од сплавот да ми донесе вода и ми рече да не одам никаде. Навистина не се чувствував добро, успеав да се извлечам и почнав да повраќам, не можев да престанам и се уште се мачам кога мислам на тоа, нешто чудно се случуваше во моето тело, рекла таа, а потоа додала:

-Јасно е дека нешто ми беше ставено во пијалокот, не можев да паднам по две чашки текила. Тоа друго момче во еден момент и пријде на другарка ми, и ја праша за мене, а потоа се сврте кон понискиот пријател и му шепна нешто. За среќа, мојот пријател ме качи во такси и двајцата се упативме кон станот. И кога стигнав до станот, сè уште бев неверојатно болна. Исто така, следниот ден се чувствував неверојатно лошо, можам да го опишам како најлошиот мамурлак на светот, имав впечаток дека се во мене скапува, рекла Марија.

Ацо Пејовиќ се огласи по обвинувањата дека ја изневерува сопругата, вака им ја затвори устата на озборувачите

Пејачот Ацо Пејовиќ ужива во хармоничен брак со сопругата Билјана со која има три ќерки – Магдалена, Марија и Ива.

Неодамна почнаа да кружат приказни за неверството на Ацо Пејовиќ, а сега пејачот стави крај на прозивките и истакна дека не му е грижа за нив, бидејќи целосно и е посветен на сопругата.

-Не ме засегаат никакви натписи, ништо… Ниту мене, ниту моето семејство. Моето семејство го изградив со сериозни темели, а тие темели се толку силни што не сум сигурен дека нечии торпеда можат да ги срушат, рече пејачот и откри како неговото семејство реагира на ваквите коментари:

„Се смееме дома кога седиме, рече тој.

Да потсетиме, Билјана и тој се венчаа веднаш по завршувањето на средното училиште, а тој често истакнува колку го поддржува во животот. Билјана еднаш преживеа трауматично искуство – крварење во мозокот, Ацо остана целосно уништен, но се обиде да ја задржи присебноста и да и помогне на сопругата во најтешкиот период.

-Се трудиме да заборавиме се што ни се случи и да го оставиме на страна. Мојата сопруга сега се чувствува одлично и што е најважно, нема никакви проблеми. Продолжуваме со Божја помош, изјави тогаш Пејовиќ, но признава дека ситуацијата драстично го променила:

„И јас и мојата сопруга се сменивме многу, пред се го поправивме односот кон луѓето и работата и сосема поинаку гледаме на работите околу нас. Сè што и се случи го сфативме како своевидно предупредување да го забавиме и да го промениме нашиот начин на живот“.

Инаку, Билјана е доктор на економски науки.

(Фото) Синот на Дара Бубамара со емотивна објава за мајчинството

Дара Бубамара не крие колку е врзана за синот единец. Таа секогаш јавно зборува за таа поврзаност и љубов, но сега за прв пат се огласи и синот Коста.

Имено, Коста преку социјалните мрежи испрати емотивни зборови на својата мајка, кои Дара веднаш ги сподели со своите следбеници.

„Мајчинство, сета љубов на светот почнува и завршува со него. Мајка ми е најубавата жена, сè што сум сега, ѝ го должам. Целиот свој успех во животот го препишувам на љубовта и поддршката што ја добив од неа. Те сакам мамо“ – пишуваше на фотографијата која Коста ја сподели на својот Инстаграм профил.

Пејачката не криеше колку е горда што единственото дете за неа има само пофални зборови.

-Те сакам сине најмногу на светот, напиша пејачката и додаде срце.

Катарина Живковиќ откри дека е бремена и дека се повлекува од сцената, но една работа ќе остане тајна

Пејачката Катарина Живковиќ ја сподели со јавноста најубавата вест – бремена е.

За јавноста не е познато кој е таткото на детето, иако таа веќе долго време е во врска со човекот кој не сака да го претстави јавно.

-Ова е моето прво и последно огласување на оваа тема. Се повлекувам од јавниот живот. Стравот сè да биде како што треба е поголем од желбата да се фалам пред сите, рече Катарина.

Таа откри дека е во петтиот месец.

-Заслужив да паузирам, ова е благослов од Бога. Го завршив албумот, имав други планови, но овој мал живот е приоритет. Сакав да го кријам мажот и сакам да остане така. Не ми одговара да се знае се. Не сакам да зборувам за приватност, тој не е од јавниот свет, откри пејачката.

Популарно