Сексуална мапа на женското тело

Голем дел од мажите постојано се во потрага по точките на женското тело кои носат до врвот на задоволството. Доколку не ги знаете десетте главни женски ерогени зони, повелете, прочитајте! И не, клиторисот не е на прво место!

fe57b9dfdec96814e4adfa256ac79c47_L

Кај нас мажите е многу поедноставно, или тестисите или пенисот, но кога жените се во прашање има голем број точки на нивното тело кои се желни за бидат допрени.

1. Усните

Да, вистина е! Ако знаете како со усните, веднаш штом ќе започнете да се бакнувате, ќе ве однесат далеку. Ако мажот не знае страстно да ја бакнува жената, за таа да почувствува како колената ѝ се тресат, тогаш не му се пишува добро.

2. Вагина/клиторис

Веројатно сте збунети зошто ова место не е на прво место. Претпоставуваме дека не ви се потребни инструкции за ова, бидејќи досега би требало да го имате совладано. Доколку не – засрамете се и под итно нешто направете со вашите прсти и јазик.

3. Гради (брадавици)

Ова сигурно не е никакво изненадување. Лижењето и бакнувањето на брадавиците ќе ја возбуди во секунда. Но внимавајте да не бидете прегруби. Ова е прилично чувствителна зона.

4. Половината

Веројатно многумина ќе се изненадат зошто половината е на четврто место. Но, штом ви се пружи прилика, испробајте. Тоа е одлично место за започнување на предигра. Почнете со бакнежи и по реакцијата на нејзиното лице ќе забележите зошто половината е ерогена зона.

5. Стапалата

Некои жени сакаат масажа, некои бакнежи, а некои и шмукање на прстите од нозете. Навалете, но под претпоставка дека стапалата на вашата партнерка се чисти и негувани.

6. Уши

На шестото место се наоѓаат ушите. Многу жени сакаат лижење, бакнување и нежно грицкање, меѓутоа дувањето и не им е така омилено. Меѓутоа можете да ѝ шепотите еротски работи.

7. Задниот дел од вратот

Задниот дел на вратот се наоѓа на седмото место. Само што ќе се приближите со вашето лице и таа ќе го почувствува како ѝ дишете во вратот, веднаш ќе се возбуди. Допирајте ја, бакнувајте ја, масирајте ја.

8. Задникот

Задникот се наоѓа на осмото место. Верувале или не, многу жени обожаваат кога им се посветува внимание на нивниот задник. Многу сакаат плескање, но тоа не е сѐ. Некои сакаат само лижење, а некои пенетрација со прстот или пенисот. Да, изненадувачки, но многу жени сакаат анален секс.

9. Позади колената

Местото позади колената е деветта ерогена зона. Ќе се изненадете како жената реагира кога таму нежно ја бакнувате. Но, важно е да не бидете груби и да не претерувате со нежности, бидејќи може вашата партнерка да е скокотлива.

10. Внатрешната страна на бедрата

Внатрешната страна е на 10-то место. Ова место на женското тело е особено чувствително на допир, бакнежи и лижење. И запомнете – ни случајно немојте да се обидете да го гризете, бидејќи е многу чувствително место.

Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти

Танчерки во бели „пачка“ фустанчиња се собраа вчера во њујоршкиот хотел „Плаза“ за да го соборат светскиот рекорд во танцување на прстите.

Меѓу танчерките имаше девојчиња на возраст од девет до 19 години кои се натпреваруваат за стипендии, но и професионални танчерки. На музика од Петар И. Чајковски, балерините се префрлаа од едната нога на другата и обратно - на прсти и со поголема брзина. Тоа движење се нарекува „бурè“ на француски и девојките го правеа тоа цела минута.

Тина Ши, претставничка од „Гинисовата книга на рекорди“, го објави резултатот: „Имаше 353 девојки, тоа е нов Гинисов рекорд. Честитам!“.

Претставата е организирана од американската младинска програма за стипендии за балет „Јут Америка гранд при“, којашто ја прославува својата 25-годишнина со три вечерни изведби во „Линколн центарот“ за изведувачка уметност. 

Руси поставија светски рекорд со скок со падобран

Истражувачи од Русија минатата недела поставија светски рекорд со скок со падобран спуштајќи од Земјината стратосфера над Северниот Пол. Мисијата служеше и како тест за нов прототип на комуникациски систем за употреба на Арктикот, изјави денеска организаторот Никита Цаплин.

Падобранците Михаил Корниенко, Александар Линик и Денис Јефремов скокнаа од авион „Иљушин-76“ на височина од 10.500 метри и слободно паѓаа две и пол минути пред да ги отворат своите падобрани на 1.000 метри од земјата. Сите тројца падобранци паѓаа со брзина од повеќе од 300 километри на час, на температура некаде и околу -50 Целзиусови степени, според Цаплин.

Михаил, Александар и Денис слетале во близина на руската поларна база „Барнео“.

Инаку, стратосферата е слој од атмосферата на Земјата којшто се протега од 10 километри (околу 8 километри на Земјините полови) до 55 километри. Комуникациите на Арктикот ќе стануваат сè поважни бидејќи Русија, САД и Кина се натпреваруваат за ресурси, трговски патишта и воена предност.

– Нашето решение засега е прототип, но сепак се поврзавме со сателитот од нашиот сервер и го извршивме преносот на податоци… Направивме мали чекори во таа насока и тоа беше нашата задача, рече Цаплин.

Компанијата, или системот „Иридиум“ – именувани по реткиот хемиски елемент, работи така што сателитите за комуникација се поставуваат во ниската орбита на Земјата – на височина од околу 781 километар (наместо вообичаените 33.000 км). На тој нов современ начин податоците се пренесуваат на помалите компактни уреди за илјадити дел од секундата.

„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска

Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто може да се користат како трпезарии. Становите се прилично светли и имаат нетипично богат просторен стандард за современото домување, се наведува во описот.

Приземјето е малку повисоко од станбените катови и е целосно застаклено, поделено со врати, што му дава достоинство на јавен простор. На истото приземје, има и пекара и кафуле споени едно до друго. 

Популарно