(Фото) Гоце Тодоровски со сопругата Тања прославија роденден на ист ден

Гоце Тодоровски и неговата сопруга Тања на ист ден слават роденден.

Легендата од Македонските народни приказни пред два дена наполни 73 години, а неговата животна сопатничка 69 и заедно го одбележаа овој важен ден за нив.

Тие добија посета од ќерката Сашенка и нејзиниот сопруг Боби.

„Гоце и Тања Тодоровски родени на ист ден - како еден за друг речиси целиот живот го потрошија заедно, а од нивната љубов се изродија синот Гоце и ќерката Сашенка.“

„На 30.4.2024 нашата легенда - Гоце наполни 73 години, а неговата сопруга 69 години. Заедно и во добро и во лошо... па и на овој ден, скромно, но идилично во кругот на семејството! “

„Денес на гости им отидоа ќерката и зетот Боби“ – напиша Горан Марковски, кој ги сподели фотографиите на Facebook фан страница за Ѓорги Колозов.

„Фотографиите ми ги испрати Сашенка. А јас на овие шармантни и убави луѓе им посакувам заедно да влезат во уште многу подлабока старост, со насмеани лица и весели души како што доликува на нашиот македонски актерски доајен Гоце кој цел живот слатко не засмеваше преку малите екрани! Среќен роденден на двајцата!!!“ – дополни Горан.

(Фото) Влатко Ѓорчев и сопругата Сузана прославуваат 15 години брак

Поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев и сопругата Сузана денеска прославуваат 15 години брак.

На социјалните мрежи тој објави фотографија од нивната свадба и семејна слика со нивните деца.

-15 години брак. Те сакам, напиша Ѓорчев кој со сопругата Сузана се горди родители на четирите деца, Марта, Филип, Никола и Катерина.

Во интервју дадено пред неколку години, Ѓорчев признава дека неговата сопруга го освоила од „прва“. Според него нема ништо поубаво кога имаш покрај себе некој што ќе биде твоја сродна душа, свидетел на твоите среќни и тажни моменти.

Затоа, бракот е вистинска одлука, а семејството и децата најголемата вредност, смета Ѓорчев.

Во домот никогаш не им е досадно, бидејќи постојано имаат активности. Но, она во што најмногу уживаат се семејните прегратки, емоциите и заедничките авантури.

Вечерва втора полуфинална вечер на Евровизија: Оваа пејачка ја чува полиција во хотелската соба, не смее да излезе ниту на тераса – еве зошто сите се против неа

Вечерва во Малме, Шведска се одржува втората полуфинална вечер на Евровизија.

За влез во финалето ќе се „борат“ Албанија, Ерменија, Австрија, Чешка, Данска, Грција, Малта, Швајцарија, Белгија, Естонија, Грузија, Израел, Латвија, Холандија, Норвешка и Сан Марино.

Финалето е во сабота.

Од балканските земји во финалето пред два дена се пласираа Хрватска, Србија и Словенија, а меѓу дестте земји кои продолжуваат понатаму се и претставниците на Португалија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Ирска и Луксембург.

Најголемо внимание вечерва се очекува да привлече претставничката на Израел.

Четвртокот по Велигден е најсреќен во годината

Светата или Велигденска недела се смета за големо и непрекинато славење за Велигден.

Има голем број верувања и обичаи за цела недела, а токму за четвртокот по Велигден се смета дека е најсреќен четврток во годината.

Се смета за среќен и се верува дека на земјата одат само добри небесни суштества и дека сè на луѓето ќе им оди од рака.

Четвртокот по Велигден се започнува работа, дури и ако не ви одела од рака, а можете и да се помолите и сите желби ќе ви се исполнат.

Популарно