Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57% во однос на одлуката од 22.4.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,68%, кај дизелот намалувањето е за 2,026%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,78% и кај мазутот зголемување е за 0,059%.

Од 30.4.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 87,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 89,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 46,661 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,107 ден/кг и сега ќе изнесува 46,661 ден/кг.

Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица

Туристите во делови на островите Мајорка и Ибица ќе се соочат со високи казни за пиење алкохол на улица, откако властите на Балеарските Острови на Шпанија ги заострија законите, инаку првпат воведени во 2020 година.

Покрај забраната за алкохол на улица, новите правила им налагаат непродавање алкохол доцна навечер. Засилени се и контролите на платформите за забави. Имено, туристите може да бидат казнети со 750 - 1.500 евра доколку нивното пиење на јавно место „го нарушува соживотот или мирот“ во животната средина. За посериозен прекршок, има и казни од 1.500 до 3.000 евра.

Правилата се применуваат во три одморалишта на Мајорка - Лукмајор, Палма и Калвија, како и Сан Антонио на Ибица.

Забраната важи за една морска милја (1,85 км) од брегот за сите овие дестинации, а на бродовите за забава им е забрането да се приближуваат и им е забрането да земаат или оставаат патници во овие области. Исклучок каде што може да се пие на улица се терасите на баровите или рестораните, или другите области каде што тоа е дозволено со закон.

Продавниците кои нудат алкохол ќе мора да затворат меѓу 21:30 и 8:00 часот.  

ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места

Државната изборна комсија го поништи гласањето на 7 избирачки места. Ќе се се прегласува на 6 избирачки места во петтата изборна единициа и тоа на две избирачки места во Долнени, две во Крушево, едно во Струга и едно во Охрид.

Ќе се прегласува и на едно избирачко место во шестата изборна единица во општина Желино.

На сите овие избирачки места ДИК денеска ги разреши претседателите, замениците и членовите на избирачките одбори. Новото гласање ќе се организира во среда на 22 мај.

Седницата на ДИК следи откако вчера Управниот суд ги одби сите тужби поднесени од Европскиот фронт и ги потврди претходните решенија на комисија која утврди низа нерегуларности на сите 7 избирачки места. Ова според членовите на ДИК е доказ дека целиот процес е спроведен законски и покрај тоа што изминатиот период добиваа јавни навреди и закани за тужби токму од политички структури на Европскиот фронт. На денешната седница на ДИК не присустуваше единствено потпретседателката Шеху која доаѓа од редовите на ДУИ.

Прегласувањето во среда може да донесе и промени на освоените мандати. На пратеник повеќе во петтата изборна едница може да се надеваат од ВМРО-ДПМНЕ и ЛДП, а во шестата изборна единица еден мандат повеќе може да добие Коалицијата ВРЕДИ.

(Фото+Видео) Федерер и Надал го турнаа интернетот со кампањата со Луј Витон

Луј Витон ја оживеа својата кампања за Основни вредности во која учествуваат Роџер Федерер и Рафаел Надал. Снимена од Ени Лејбовиц, кампањата ги доловува тениските легенди на италијанските Доломити, одговарајќи на ознаката „Има патувања кои се претвораат во легенди“. Тениските суперѕвезди се фотографирани и снимани на 3.000 метри. Роџер носи ранец „Монограм Кристофер“, а Рафа верзија „Монограм Еклипс“.

Знам колку светски икони биле дел од оваа кампања, така што за мене лично, да се биде дел од неа е нешто на што сум многу горд, особено што го споделувам со Роџер. Тој беше мојот најголем ривал и близок пријател денес.

- Рафа Надал

Единствена е можноста да се работи на оваа кампања со Рафа. Какви ривали бевме на теренот, а сега на крајот од нашите кариери да бидеме еден покрај друг правејќи ја оваа кампања, беше многу кул. И местото каде што се наоѓаме, мислам дека исто така кажува сè: на врвот на планините. За нас тоа е нешто значајно и посебно.

- Роџер Федерер

Популарно