Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57% во однос на одлуката од 22.4.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,68%, кај дизелот намалувањето е за 2,026%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,78% и кај мазутот зголемување е за 0,059%.

Од 30.4.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 87,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 89,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 46,661 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,107 ден/кг и сега ќе изнесува 46,661 ден/кг.

Три симптоми кои укажуваат дека имате запушени артерии

Многумина имаат препреки во артериите уште во двесетите години. Причината е нездрав животен стил, пушење, масна храна, дебелина, недоволно движење...

Како резултат на тоа многу луѓе кои се соочуваат со овој здравствен проблем не се ни свесни што се случува, се додека не стане предоцна.

Ова се трите најчести симптоми кои ви ги покажува телото, а алудираат на запишени артерии со цел на време да ги испитате ризик факторите и да ја промените дневната рутина во корист на вашето здравје.

Непријатност во листовитем бутовите или колковите

Доколу чувствувате непријатност во текот на движењето во пределот на нозете тоа значи дека тие не добиваат доволно крв. Непријатноста во мускулите или грчевите се можни знаци.

Болка во градите

Намалувањето на протокот на крв во градите, стегање, тежина, притисок или чувство на пецкање во пределот на градите, исто така, може да бидат знаци за евентуално запишување на артериите. Овие нешта се јавуваат најчесто по физички или емоционален напор па така дел од лицата не ги приметуваат лесно овие симптоми. 

Губење на видот

Доколку ви се случи привремен прекин на видот или периодично губење на видот само на едното око треба да знаете дека нешто се случува со артериите.

Освен овие симптоми докторите предупредуваат да внимавате доколку страдате од замор, вртоглавица, студени раце или нозе, промена на бојата на кожата.

Пронајден маж кој бил бил киднапиран пред 26 години

Маж кој бил киднапиран пред 26 години, е пронајден жив и здрав во Алжир. 

Омар бин Омран е пронајден на место кое е оддалечено само неколку стотини метри од неговото семејство, а никогаш не повикал помош бидејќи бил убеден дека врз него биле фрлени магии.

Омран исчезна за време на децениската граѓанска војна во Алжир во 1998 година, што доведе неговото семејство да претпостави дека тој загинал во конфликтот меѓу владата на северноафриканската нација и разни исламистички бунтовнички групи.

Сега 45-годишниот беше пронајден меѓу стогови сено во штала на 12 мај – на 200 метри од домот на неговото семејство во градот Гилфа. Откритието дојде кога братот на киднаперот објави поплаки на социјалните мрежи наводно поради спор за наследување.

Извештаите велат дека објавата го поттикнало семејството на Омран да изврши рација во куќата на киднаперот. Наводниот виновник, 61-годишен вратар, кој работи во блискиот град Ел Гуедид, бил приведен кога се обидел да избега, соопшти алжирското Министерство за правда.

Министерството соопшти дека истрагата сѐ уште е во тек додавајќи дека жртвата добивала медицинска и психолошка помош по злосторството, кое го опиша како „гнасно“.

Алжирските медиуми објавија дека жртвата изјавила дека не можел да повика помош „поради магијата што му ја направил киднаперот“.

Снимките беа споделени на социјалните мрежи и емитувани на алжирските телевизиски мрежи од моментот кога тој беше пронајден во дупка во земјата, опишана од властите како штала, во домот на неговиот наводен киднапер.

Заматеното видео ја покажува светлината на батериските ламби што осветлуваат јамата опкружена со сено додека Омар срамежливо гледа нагоре, шокиран, со парчиња слама во неговата коса.

Потрагата по Омар беше почната во 1998 година кога тој исчезна на пат кон средното стручно училиште. Мајката на Омар почина во 2013 година, без да ја знае вистината за она што се случило со синот. Таа упати молби на телевизија за информации за неговото исчезнување, според алжирскиот весник L’Expression.

Чуда се случуваат на денот на Св.Василиј Острошки

Православната црква и верниците во недела го прославуваат Свети Василиј Острошки, големиот чудотворец чии чудотворни дела се познати насекаде.

Уште поголемо чудо и доказ за светоста на Василиј е чудотворната моќ на неговото тело.

Тој, кој во својот земен живот личел повеќе на ангел отколку на човек, го воздигнал својот дух до престолот Божји, а своето тело го обесмртил. Тоа свето тело за време на земското живеење било храм на светиот дух, а по разделувањето со душата, станало ризница на благодети.

Не можат да се набројат разните чудесии, кои Господ преку него ги правел и кои секој ден ги прави и покажува над секој оној кој доаѓа да побара помош од овој голем светец и учител, двигател на православната вера.

Многумина веруваат дека ако се заречат дека на овој ден ќе одат на Духовден во манастирот Острог, нивната болест или болеста на некој нивен близок ќе исчезне „како однесена со вода“. Ако одлучите да побарате помош од овој светец од утре мора да почнете со строг пост, кој ќе трае се додека на Духовден не одите на Острог и таму се причестите.

Доколку познавате личност која се подготвува за вакво патување, треба да и однесете масло, темјан и памук да ги однесе со себе и да ги стави таму да преноќат.

Често се случува ова да го прават и муслиманите и католиците, бидејќи на овие простори сите се уверени во големата чудотворна моќ на Свети Василиј, па се верува дека таму преноќат маслото, памукот и темјанот, се лечат сите болести.

Популарно