Првпат во историјата денешните деца можеби ќе живеат пократко од нивните родители. Причина е дебелината. Речиси една третина од децата имаат преумерна тежина и веќе се гледаат далекусежните негативни последици од тој тренд, објави „Вашингтон пост“.

Дебелите луѓе мора да знаат дека секој орган страда поради дебелината, а кај децата проблемите ќе се интензивираат во текот на животот.
Дебелите деца во иднина се речиси сигурни пациенти со кардиоваскуларни болести. Кај луѓето со зголемена тежина срцето многу потешко работи, бидејќи пумпа поголемо количество крв и тоа со тек на време го ослабнува. Новите студии покажуваат дека денешните дебели деца се во опасност да заболат од срце во раните 20-ти години.
Замастен црн дроб е карактеристичен за возрасните кои во исхраната имаат многу маснотии и пијат алкохол, но денес се открива кај една третина од дебелите деца. Краткорочно, оваа болест предизвикува болка во стомакот, умор и инфекции. Долгорочни последици се цироза и канцер.
Д-р Курт Њуман од американскиот детски национален медицински центар истакнува дека секоја недела оперираат барем по едно дете од камен во жолчката, а како главна причина за тоа ја наведува дебелината. Тој посочува дека зголемената тежина го нарушува метаболизмот на жолчката и го зголемува количеството на холестерол во жолчката.
Во телото на дебелите деца се лачи се повеќе инсулин, што на крајот доведува до дијабетис.
На удар на хормонската нестабилност посебно се дебелите девојчиеа, кои порано добиваат менструација во споредба со своите врснички. Девојчињата со зголемена тежина почесто заболуваат од полистичен синдрон, што често предизвикува стерилитет.
Дебелите деца почесто заболуваат од астма, со што се влегува во „маѓепсан круг“, бидејќи болеста во одредена мерка има оневозможува физичка активност, а тоа води кон прекумерна тежина.