(Видео) Бостон избори „мајсторката“ со звукот на сирената

По трите порази, кошаркарите на Бостон врзаа три победи во серија против Мајами, и се изборија за „мајсторка“ во финалето на Источната конференција.

Селтикси ноќеска на гостински терен во драматична заврница со кошот на Дерик Вајт на 2.десетинки до крајот славеа победа над Хитс со 104:103 со што го израмнија резултатот на 3-3 во победи и се изборија за решавачки седми натпревар.

Само неколку секунди пред истекот на времето, Џими Батлер постигна кош за водство на Хит од еден поен103:102. Во последниот напад за Бостон, оговорноста ја презеде Маркус Смарт, кој шутираше за три поени и промаши, но Дерик Вајт забележа офанзивен скок и со своите поени му донесе победа на својот тим.

Најефикасен на натпреварот беше Џејсон Тејтум со 31 поен, 12 скока и пет асистенции, а најрасположен беше Батлер од Мајами со 24 поени, 11 скока и осум асистенции.

На овој начин, Селтикси станаа само четвртиот тим во историјата кој успеал да се врати од негативата од 0:3 во плејоф серијата од НБА лигата, а сега ќе имаат можност да направат целосен пресврт и да испишат историја на својот дом.

Седмиот и решавачки дуел ќе се игра во Бостон, а закажан е за вторник наутро од 02:30 часот.

Скопје не спиеше: Се славеше враќањето на Вардар во Првата лига!

По две години поминати во Втората лига, фудбалерите на Вардар со вчерашната победа во баражот против Скопје од 3:0 обезбедија место во најелитната конкуренција.

Веднаш по победата во Кавадарци беше најавено дека фудбалерите ќе бидат пречекани Плоштадот во Скопје.

Бројни навивачи излегоа да ја дадат својата поддршка на вардаровите херои кои успеаа да ги надминат сите проблеми и да се изборат за враќање во друштвото на најдобрите.

(Видео) Полицаец без никаква причина го удри Талески со пендрек по глава

Срамен скандал на крајот од финалето во Купот на Македонија меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во Охрид.

Македонската јавност беше сведок на помал инцидент на крај од средбата кој брзо се смири, меѓутоа никој не можеше да претпоставува дека скандалозно во инцидентот пред се е вклучен и припадник на македонската полиција кој со пендрек по глава од зад грб го удира ракометарот на Вардар и македонски репрезентативец Филип Талески.

Самото видео преку социјалните мрежи го споделија Талески и неговите соиграчи од Вардар, но шокантното видео веќе го пренесоа и поголемиот дел ракометни медиуми од Европа, со неверување пренесувајќи дека македонската полиција удира по ракометни репрезентативци, и тоа против еден од најскромните спортисти во државата….

Целото видео погледнете го ОВДЕ

Популарно