Најмалку 280 мртви во вчерашната трагедија во Индија

Најмалку 288 потврдени жртви во вчерашната катастрофална несреќа во сурди на возови во градот Баласор во источната индиска држава Одиша.

Бројката на повредени стигна и над илјада, а според спасувачите бројката на жртви ќе се зголеми, бидејќи сеуште има луѓе заглавени под вагоните.

Причината за несреќата сеуште е непозната.

Видео: Бајден се сопна и падна на дипломска церемонија

Американскиот претседател Џо Бајден се сопна и падна додека ги делеше дипломите на церемонијата на дипломирање на Академијата за воздухопловни сили на САД во Колорадо.

Бајден, кој е најстариот претседател на нацијата со 80 години, успеа да се исправи и се чинеше дека е неповреден.

Претседателот стоеше околу час и половина за да се ракува со секој од 921 дипломиран кадет.

Директорот за комуникации на Белата куќа рече „добро е“. „Имаше вреќа со песок на сцената додека се ракуваше“, напиша Бен ЛаБолт на Твитер по падот во четвртокот. „Добив вреќи со песок“, се пошегувал насмеаниот претседател на новинарите додека се враќал во Белата куќа истата вечер.

Во извештајот на Белата куќа, претходно се вели дека Бајден се сопнал на црна вреќа со песок додека се движел на сцената.

На снимката од инцидентот се гледа како Бајден покажува кон една од двете вреќи со песок што се користеле за да го поддржат неговиот телепромптер додека му помагале службеник на воздухопловните сили и двајца членови на неговата тајна служба.

Тој беше виден како без помош се враќа на своето место, а подоцна џогира назад кон својата колона кога церемонијата заврши набргу по несреќата.

Тепачка во бугарското Собрание: Пратеници се плукаа, крвави лица, искршени очила

Пратениците собрале кворум за седница, а по читањето на декларацијата на Преродба дошло до судир. Дел од пратениците се собрале околу собраниската говорница каде што Цончо Ганев од Преродба го исплукал Јавор Божанков од ПП, пренесе БТВ

Тензична била атмосферата утринава во бугарското Народно собрание, јавуваат бугарските медиуми. Во пленарната сала дошло до судир и физичка пресметка меѓу пратениците на Преродба и Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП-ДБ).

Пратениците собрале кворум за седница, а по читањето на декларацијата на Преродба дошло до судир. Дел од пратениците се собрале околу собраниската говорница каде што Цончо Ганев од Преродба го исплукал Јавор Божанков од ПП, пренесе БТВ.

На физичката пресметка ѝ претходеше читање декларација од партијата на Костадин Костадинов .

„Пред речиси три години во Бугарија започнаа протести на кои учествуваа стотици илјади бугарски граѓани. На протестите се бараше оставка од тогашниот премиер Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев. Застанавме зад овие протести, како и други партии кои во тоа време се бореле со зборови со сето ова, а денес преговараат за кабинет со оние што ги нарекуваа ‘мафијаши’ долги години. Мирниот карактер на демонстрациите не ги спречи да повредат стотици, а илјадници луѓе останаа без работа. Целата енергија на протестите беше брутално предадена од оние кои денес разговараат со ГЕРБ за влада и бараат поддршка од ДПС“,

рече од собраниската говорница Искра Михаилова од Преродба.

Според неа, од записите што протекоа пред неколку дена, се покажало дека има предавници не само на сопствените зборови и гласачи, туку и на државата во целина. Михаилова побара вториот мандат да му се врати на претседателот.

„Ако ја составите оваа апсурдна коалиција на обвинетите само за да ги задоволите вашите претпоставени, бидете сигурни дека веќе следниот ден ќе ги повикаме сите наши избирачи и вашите згрозени избирачи, да дојдат овде пред парламентот и, доколку е потребно, внатре во него, затоа што секое лицемерие и секое предавство има своја граница. Ја поминавте границата“, рече Михаилова.

Јавор Божанков од ПП-ДБ возврати и изјави дека бугарски национален интерес во овој момент е да има влада, а странски интерес е да нема.

„Настаните во последните неколку дена се дел од организиран план, а кога Преродба зборува за надворешна интервенција, тоа го знаеме. Зборуваа за вакцини, излегоа вакцинирани, Костадинов и Цончо зборуваа дека се сомневаат во нас, а сега нè прогласија и за национални предавници. Според логиката што сега ја видовме, националните предавници се токму тие“, рече Божанков.

По неговиот говор, пратениците од Преродба излегоа на собраниската говорница, а потоа и народните избраници од ПП-ДБ, а страстите се зголемија, почнувајќи со реплики и туркање. На Манол Пејков од ПП-ДБ му ја одрале кожата на образот, а заменик од Преродба завршил со скршени очила.

И по најавена пауза, страстите во салата не стивнуваат, јавува БТВ.

Видеото погледнето го ОВДЕ.

Популарно