Бразил во шок: Крај на Мундијалот за Нејмар

Домаќинот на Мундијалот Бразил кратко се радуваше на синоќешната победа над Колумбија со која обезбеди полуфинале. Веднаш по натпреварот селекторот Сколари, изјави дека за најдобриот фудбалер на „Кариоките„ Нејмар шампионатот е завршен.

nejmar

- Нејмар имаше големи болки и во солзи беше изнесен од теренот и одвезен во болница. Не очекувам дека ќе биде спремен за дуелот со Германија, според она што ми го кажаа докторите и поради специфичноста на повредата, изјави Сколари селекторот на Бразил. Нејмар беше повреден во вториот дел откако Колумбиецот Зунига со колено го удри во грбот, а по прегледите во локалната болница констатирано е дека повредата е посериозна и дека Нејмар предвреме ќе го заврши шампионатот.

- За жал, тој нема да биде во можност да игра. Нејмар има повреда, фрактура на пршлен, поради која ќе мора да паузира четири до шест недели. Тоа не е сериозна повреда во смисла дека не треба да се прави операција, но потребно е да се мобилизира и да мирува за да може да се рехабилитира,изјави Родриго Ласмар докторот на бразилската репрезентација. Бразил за полуфиналето со Германија закажано за 8. јули покрај најдобриот стрелец во репрезентацијата Нејмар, нема да може да смета и на Тиего Силва. Капитенот Силва кој го постигна првиот гол за „Кариоките„ на дуелот со Колумбија, во второто полувреме заработи жолт картон, втор за него на првенството, по што ќе следи казна (суспензија) од еден натпревар без право на настап.

Коментари

Популарно