Кој е крив шо немат гости во Охрид?

27-ми јули, некогаш шпицот на сезоната а денес ништо повеќе од обичен ден во Охрид. Поќе гости имало за Водици и Велигден него за Илинден, сезонава можда најслаба во историјата на Охрид.

ohrid31

Кој е виновен за и ова катастрофална сезона?

Факт е дека од кога се скинале визите на Македонските државјани, сите заминале на одмор во Грција, Албанија, Бугарија или подалеку. Останавме во Охрид со туристите наречени “Пиперкари“… тие што носет све од дома, не трошет ни Денар одпојќе во нашиот град и спијат за 200 денари од ноќ во приколка… Од таквите гости немат леб, ојт в’чаршија, шетат два пати нагоре, два пати надолу купвит пуканки за 20 денари и после се жалит и дека Охрид бил премногу скап.

Да не беа Холаѓаниве и Белгијанциве во Охрид ова година пиле не ќе пееше. То е шо е…. шо да прајме..

Ми се креват косата кога ќе прочитам на Скопскиве портали објаснување дека Скопјаните не биле воопшто криви за уште една лоша сезона. Драги Скопјани, како прво глејте си за проблемите во вашата самонаречена метропола пред да ни солите памет во Охрид. Како второ, поголема анти-реклама од вас Скопјанишча никој не прајт во Македонија. Алал да им е на странците кои секоја година знает да прает најдобра и најуба реклама за Охрид… Вие пљукате во сопствена држава и послеојте Лептокарија и Катарини на одмор за да се вратите посрани со скршени коли и избришани таблички…но ние не ви забранвиме.. Си велам поарно 100 Холаѓани и Белгијанци одкако 1000 Скопјани..

Во голем број од скопските портали, се пишит дека цените биле превисоки во Охрид, дека Скопјани немале ништо

против Охрид и Охриѓани, дека Скопјани носеле туристи во Охрид и дека самите сме криви за се.. За цените да не прајме воопшто појќе муабет, Скопје е поскап од Охрид и тоа е докажано! Најскапите Охридски кафичи и летни шанкови ги држат…..СКОПЈАНИ! Не се Охриѓаните криви за високите цени, туку вие Скопјаните сте! Како второ, ни Охриѓаните немет ништо против Скопјани… Дали некогаш се слушнало дека во Охрид се скршила Скопска кола??? Дали некој Скопјанец бил претепан во Охрид поради фактот што е Скопјанец?? НЕ! И самите знајте драги Скопјани дека не е така.. Грција мамето ви го еб** и пак трчате ко слепи кучиња таму… ама аку не се љутиме ние…слободно ојте таму, финансирајте еден народ кој не не признават ни како држава..

Како трето, пишувате дека носите вие од Скопје странски гости во Охрид да се пофалите со убавината на Македонија..

МОЛАМ?! ЕКСЈУЗ МИ?! Дан е обратно случајно? Кажи ми кој будала сакат да дојт во Скопје на одмор на +40 степени и смог до гуша?? Ние од Охрид носиме странски гости кј вас во Скопје, да видет шо е безвезе фрлање пари и градење

на вештачка убавина.. Да не идеа странски гости во Охрид, во Скопје барем ич немаше да стапнит странски гостин…

ОК можда само да се чудит на сите споменици… имаме главен град – луна парк… Факт е дека вие Скопјани ни прајте најголема анти-реклама, нигде не пишите за Охрид и никаде не се фрлат некој динар за реклама на Охрид. Жими една табла шо ја имат пред влезот на Скопје “визит Охрид“ (ако стојт ушче)..

Сегде само реклама за Скопје, бјутифул Скопје…абе лајна Скопје!

Се молам да дојт ден да сме полни со странски гости… и вас ни во Преспа ни во Дојран да не ве примаат појќе, да си ојте кј вашите браќа во Грција.

Една рампа онде Оровник и создравије! така да си знајте…

Поздрав од Охрид

Ило С.

Tекстот е одговор на колумна објавена на Zase.mk, а истиот е оригинално објавен  на Охриѓани.мк

Коментари

Популарно