Лицето ви ги издава емоциите

Кога се лутите или сте под стрес, на лицето се појавува реакција која ве издава. Се што чувствувате јасно се оцртува на вашето лице.

hitportal-akni2

Лутењето предизвикува осип

Најчесто лутината која долго се таложи и создава притисок може да предизвика иритација на кожата. Таа предизвикува испуштање на кортизолот и адреналинот во крвотокот што предизвикува осип.

Акните ги добивате од стресот

Стресот го поттикнува излачувањето на кортизол кој неповолно влијае на кожата и може да предизвика дерматит, псоријаза и акни.

Адреналинот предизвикува црвенило

Ако сте возбудени, под постојан адреналин, ќе имате зголемена чувствителност на кожата. Црвенилото настанува со ширењето на крвните садови и напливот на крвта. Црвенилото можете да го ублажите ако шмукате коцки мраз.

Депресијата предизвикува егзема

Траумата и анксиозноста го зголемуваат ризикот за егзема, потврдуваат германските научници. Исто така, овој тип на кожа е почест кај луѓето кои страдаат од депресија.

Коментари

Популарно