Тони Михајловски со порака до оние што се полеваат со вода

tms-ice-bucket_18-520x365

И во Македонија стана актуелен ледениот предизвик. Познатите личности се потураат со ладна вода, предизвикуваат нови имиња да го сторат истото. Идејата на овој предизвик е всушност покренување на свеста за една од најтрагичните заболувања, амиотрофична латерална склероза. Всушност преку номинирањето на ѕвезди за овој предизвик се бара тие да донираат за овозможување на пронаоѓање лек за кобната болест. Оној кој нема да го прифати предизвикот да се полее со ледена кофа и номинира уште тројца, донира средства. Оној кој ќе го прифати предизвикот го споделува видеото и каузата, со што се шири повикот и понатаму за поддршка и помош на заболените лица.

toni-520x417

Македонскиот актер Тони Михајловски се обрати на оние познати Македонци кои се полеваат:

Супер е ледениот предизвик,но приметив исто така дека пред да ја “попијат” кофата истите пишуваат чек. Кофите ги видовме ама чековите никаде ги нема .. Да не сме ја утнале поентата малце се плашам.. – напиша Тони на својот фејсбук профил.

Актерот Чарли Шин неделава на сите богаташи им го покажа правиот начин на учествување во ледениот предизвик, така што наместо со вода се полеа со долари.

01_patric8860f1-520x361

Но, актерот Патрик Стјуарт го подигна нивото и докажа дека е голем господин. Тој ја прифати номинацијата за леден предизвик, но наместо да се полее и да вришти, тој тоа го изведе скромно, елегантно, како што само тој знае.

Стјуарт без ниту еден збор напиша чек за АЛС фондацијата, потоа зеде кофа полна мраз, од која стави неколку коцки мраз во чаша, си тури виски и наздрави.

Кој Македонец ќе им оддржи лекција на оние кои решија да се оладат…

извор: Република

Коментари

Популарно