
Кон крајот на 70- тите години од минатиот век филмскиот пар Боба и Марија, станаа синоним за прва љубов, вистинска, невина и без разум и пресметка. Љубовта поради која забораваш на училиштето, на обврските… Актерите кои стекнаа огромна популарност играјќи ги Боба и Марија во филмскиот серијал “Жикина династија”, сега се во позрели години.
Риалда Кадриќ (Mарија) денес има 51 година. Како девојка била член на драмското студио Бата Миладиновиќ и така и ја добила шансата да игра во споменатиот серијал, иако првично режисерот Зоран Галиќ во план за ликот на Марија ја имал Соња Савиќ. Во деведесетите години ја напуштила земјата и отишла во САД, каде што работела како новинар на „Гласот на Америка“. Денеска живее во Лондон и е омажена за сопственик на неколку хотели.
Владимир Петровиќ (Боба) денеска има 59 години. Тој одамна се повлекол од актерството. Ко-сопстевник е на радиото Индекс и сопственик на маркетинг агенција. Во паузата за време на снимањето на „Жикина династија” свирел на тапани (едно време и во бендот на Оливер Мандиќ), а две години го режираше и легендарното ”Индексово радио позориште” со оригиналната екипа во која беа Mичко Љубичиќ , Бичко, Звонимир Шуминец и други.
“Улогата на Боба ми донесе енормно голема слава. Риалда и јас имавме своја соба во продуцентската куќа, каде што поштарите ни оставаа многу писма од обожавателите од цела бивша Југославија. Сега сум многу сменет, па луѓето денес главно ме препознаваат по гласот. Понекогаш долго ме гледаат се додека не се сетат од каде ме познаваат”, вели Владимир Петровиќ.
Тој е оженет со Јасмина, со која го има синот Игор (30) и ќерка Ана (24).
извор: Монитор


