Познатата секси водителка Лила Филиповска на хумористичен начин го искажа својот став за бракот. Водителката зад себе има два брака од по неколку години, а веќе подолго време е сингл и среќна.
Водителката Лила Филиповска после бракот со таткото на нејзиниот син Филип и со Орце Димитровски од групата „Арија“ изгледа дека повеќе не верува во брак, а доказ за тоа е последната фотографија што ја прикачи на социјалната мрежа Инстаграм. „Ако видите кај мене некој прекрасен статус што го слави бракот и слично, да знаете дека ми го хакирале профилот“ е цитатот во кој се пронајде убавата водителка. 