Тепачка во просториите на ТВ Сител. Латас и Сарма се фатиле за врат поради бомбата на Заев. Ваква инормација објавува порталот на директорот на Паркинзи општина Центар Саша Богадновиќ. Според него, главниот и одговорен уредник на ТВ Сител и новинарот Александар Спасовски се фатиле за врат.

“Нервозата настанала околу прислушуваните телефонски разговори што ги објави СДСМ што дополнително ја зголемило општата паника да не бидат засрамени на јавна сцена за сите криминали на власта.
Кулминацијата настанала кога Александар Спасовски Сарма рекол дека секоја следна информација на СДСМ ќе биде пошокантна од претходната.
Латас реагирал бурно упатувајќи навредливи зборови и пцовки кон сите присутни по што се нафрлил на Сарма држејќи се буквално за гуша.“ – пишува овој т.н. медиум.
-Бомбастичната информација ја проверивме во ТВ Сител. И Спасовски и Латас гласно се изнасмеаја кога им побаравме детали за „тепачката“, објави Пресс 24.
За потсетување, Саша Богдановиќ е функционер на СДСМ платен од граѓаните на општина Центар. Важи за еден од предводниците на навивачката група на кошаркарскиот клуб Работнички. Медиумите објавија дека ден пред последното дерби во Градски Парк, навивачите на ривалот МЗТ Скопје влегле во салата додека Богдановиќ заедно со својата група изработувал навивачкка кореографија. Аеродромци му ги одземале транспарентите а следела и физичка пресметка по која, како што тогаш пишуваа медиумите, Богдановиќ завршил во болница.
Јавноста со право се прашува, на какви луѓе им се доделуваат одговорни позиции ако се има предвид, какви информации пласираат преку своите медиуми