КОНЕЧНО УБАВИ ВЕСТИ: ВО БИТОЛА ЌЕ СЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМИОТ АЕРОДРОМ - еве како ќе изгледа!

Првите луѓе во власта заедно со инвеститорот од Северна Кореја Ку Ми Ли, денеска удрија камен темелник близу веќе изградениот автопат Ресен- Битола, каде ќе биде изграден аеродром кој ќе биде најголем на Балканот, а во минутка ќе може да слетуваат до 4 авиони.

AERODROM

 Инвестицијата пред се е со цел да не се гужваат младите кога си заминуваат од земјава на скопскиот и охридскиот регион, а детектиравме дека токму од Пелагонискиот регион си заминале дури 60 отсто од младите, а својата намера за заминување по нашата голема победа ќе ја остварат најверојатно и останатите кои одат и работаат бо белосветските фабрики, а парите ги враќаат тука во нашата историска и библиска Македонија, рече прецедникот на владата.

Во аеродромот ќе се вработат 120 експерти кои ќе стигнат од Словенија и ќе ни помогнат да имаме супер услуга на овој аеродром, велат со широка насмевка на лицето, од организацијата за летање при Македонија и регионот на Битола.

Летовите промотивно ќе се движат од 1 евро за лет па нагоре, во зависност дали лицето има некакви намери за иселување или од какво семејство потекнува.

Особени придобивки ќе има за оние студенти кои имаат расчистено трета година факултет.

Тие ќе добијат и бесплатен ваучер за сендвичи во гудоналс, користење на спа услугите во аеродромите (туширање), како и многу други придобивки, како на пример кикиритки, сокче со цевка и тн. А за сето ова ќе се погрижат нашите спонзори, вели првиот човек на аеродромот кој ќе го носи името Свети Братудечи.

*За многу години први април. Веста не ја земајте за озбилно, сепак се работи за прво-априлска шега.

Коментари

Популарно