Пред четири децении Радош Стевлиќ (77) бил уапсен во Чикаго под сомнение дека му подготвува атентат на доживотниот претседател на СФРЈ. Поради тоа тој одлежал 10 години затвор затоа што имал намера да го убие Маршалот, кој го нарекувал "лажниот цар Шчепан Мали". Ова е неговиот поглед на историјата.

- Како и моите соборци и јас сметав дека Тито е "лажниот цар Шчепан Мали" и дека не заслужува да владее со Србија. Од друга страна пак бев свесен дека според нашата вера немам право да одземам човечки живот. И подобро што се' заврши така како што заврши. И да го ливкидиравме тогаш, ништо немаше да се смени, вели Стевлиќ, кој повеќе од пола век минал во Америка, за српскиот весник Политика.
Како што раскажал, по налог на СФРЈ го уапсиле припадници на ФБИ под сомение дека подготвува атентат, а лишен бил од слобода зедно со Никола Каваја, Стоилко Каљевиќ, Жика Савиќ и Никола Живановиќ.
- Стејт Департментот од Белград доби листа со 146 имиња. Се разбира, сите беа Срби. Тие му одговорија на Тито дека не можат сите да ги уапсат, па целата акција се сведе на нас, вели Радош.
Тој подоцна бил осуден на 10 години затвор, а Каваја на 20. Кога им биле изречени казните, неговиот другар кој добил двојно повисока казна му рекол на судијата - Не можеш ти да ме осудиш, колку што јас можам да издржам.
Тој во своетот интервју детално ги опишува обидите за атантат на Тито во Mексико Сити и Вашингтон.
- Ние сметавме дека Јосип Броз не заслужува да владее со Србија, завршува Радош кој половина од својата казна ја минал во затвор во Висконсин.