OВЕН
Денес ќе се чувствувате добро и ќе сакате да бидете во друштво на други луѓе. Доколку чекате информација во врска со некој долг или кредит, денес може да ја добиете. Бидете внимателни и не дозволувајте му на партнерот да се посомнева во вашето пријателство со една колешка или колега. Ако е можно намалете ги разговорите и пораките затоа што тоа буди непријатно чувство кај партнерот. Можни се проблеми со вратните пршлени.
БИК
Денес се можни административни грешки. Обрнете внимание на документите и не дозволувајте си пропусти. Останатиот дел од работата ви е стабилен и нема потреба за нервоза. Почнувате да станувате интересни за спротивниот пол. Зрачите со шарм и стабилност и тоа не останува незабележано. Денес е можно познанство со личност со која имате голема разлика во години. Тоа нема да ве сопре да флертувате. Можни се проблеми со кожата.
БЛИЗНАЦИ
Работата ви оди добро и лесно се справувате со обврските. Денес е можна понуда за партнерско здружување. Понудата е добра, но би требало да се запрашате дали би можеле да се пронајдете во таква улога. Една личност се обидува да ви се приближи, но вие сте привидно незаинтересирани. Доколку си дадете шанса, ова може да биде почеток на едно убаво дружење. Можеби нема да биде ништо фатално, но секако ќе биде пријатно.
РАК
Денес ќе се обидете да остварите соработка со една личност која одамна сака да биде дел од вашиот тим. Имате премногу работа и време е да добиете помош. Ако работите во некоја поголема фирма, бидете претпазливи и не дозволувајте сугестии. Колегите околу вас не се секогаш добронамерни. Ако сте сами, можно е да воспоставите контакт со личност со која одамна ја имате прекинато комуникацијата. Емоциите повторно ќе проработат. Бидете внимателни и не залетувајте се.
ЛАВ
Се наоѓате во добар работен период и почнувате да се чувствувате како да можете многу повеќе од она што го остварувате. Некои од вас ќе почнат да размислуваат за нов бизнис. Искористете го периодот и впуштете се во авантура. Емотивните односи ви се на мртва точка. Ништо интересно не се случува, а партнерските односи запаѓаат во монотонија. Засега работите ги пуштате да си одат по некој свој тек и очекувате сами од себе да се решат. Внимавајте на крвниот притисок.
ДЕВИЦА
Потполно сте и посветени на работата и ја користите секоја шанса да покажете што знаете. Ако сте невработени, денес ќе добиете можност за вработување. Не правете анализа и не размислувајте дали тоа е вистинска работа за вас. Искористете ја шансата, а времето ќе покаже дали сте можеле повеќе. Веќе подолго време сте тајно заинтересирани за една личност во ваша близина. Ако сте во врска или брак, ова за сега нема да се одрази на вашата врска, но бидете внимателни за во иднина.
ВАГА
Околностите во вашето работно опкружување се менуваат и вие не знаете дали е тоа добро за вас или не. Можеби е ова шанса што треба да ја искористите. Вие не сте навикнати да ловите во матно, но доколку останете пасивни, ќе бидете и понатаму незадоволни. Не очекувајте да добиете шанса, туку сами изборете се за неа. Партнерските односи се напнати и не знаете како да се однесувате кон партнерот. На моменти ви се чини дека се е во ред, а на моменти почнувате да губите надеж.
СКОРПИЈА
Време е да си ја гледате работата и да не изигрувате детектив. Тоа што вашите колеги го работат е нивна работа и нема потреба да ги шпионирате. Време е да се насочите кон вашите цели и полека да почнете да ги реализирате. На овој начин само добивате непријатели, а од сето тоа нема да имате никаква корист. Ако сте во врска или брак, бидете внимателни. Еден навидум наивен флерт може да се претвори во нешто посериозно и да ви направи проблем. Внимавајте на здравјето, можни се инфекции.
СТРЕЛЕЦ
Коцките полека почнуваат да се сложуваат и да се појавуваат нови шанси за реализација на проектите што ги имате зацртано. Можно е преку пријатели да добиете сериозна шанса за остварување на некоја задача што одамна си ја имате поставено. Партнерот е заинтересиран за се што ви се случува. Вие сметате дека тоа е вид на контрола и се обидувате да се дистанцирате. Време е да се запрашате што навистина сакате. Време е да проверите од каде ви доаѓаат проблемите со 'рбетот.
ЈАРЕЦ
Денес е можно да добиете инструкции кои ќе ве натераат да функционирате на поинаков начин од оној на кој досега работевте. Навикнати сте да работите по свое и секое мешање од страна ви пречи. За жал, ќе морате да прифатите се што ви доаѓа од претпоставените без разлика што сметате дека тоа е погрешно. Во партнерските односи исто така ви се случува разлика во мислењето. Обидете се да ги спречите конфликтите и да најдете заеднички јазик со партнерот.
ВОДОЛИЈА
Плановите ви се добри, но не очекувајте нивна потполна реализација. Ќе морате да направите некои отстапки кои не ви се допаѓаат. Времето ќе покаже колку сето тоа ќе биде добро за вас. Совладајте го стресот и обидете се да извлечете што повеќе полза од дадената ситуација. Ако сте слободни, моментално повеќе внимание им посветувате на пријателите и на случајните средби. Заинтересирани сте за една личност, но засега не покажувате никаква иницијатива.
РИБИ
Вашите грижи околу работата се без основа. Ја имате потполната поддршка од претпоставениот и тоа би требало да ви биде доволно. Доколку размислувате што би можело да биде ќе ја изгубите концентрацијата и ќе почнете да правите грешки. Смирете се и продолжете како и досега. Резултатите нема да изостанат. Многу брзо реагирате на провокациите од страна на партнерот. Обидете се да бидете мирни и да почнете да напаѓате наместо да се браните. Главоболката е резултат на стрес. Потрудете се да се опуштите.