ФОТО: Баба, мајка и ќерка се стегнаа во ист фустан и се пофалијана интернет, но...

Бабата, Гвен(65), мајката Џемајма(44) и ќерката Лили(16) од Лондон, овие денови се најдоа во центарот на вниманието на виртуелните заедници и одредени медиуми поради нивниот изглед.

2a4196c5bf5f584a1d6bf2d39303f533

Имено, трите се пофалија дека носат ист конфекциски број, имаат слична долга руса коса и тоа дека често носат иста гардероба.

Тие наведуваат и дека се натпреваруваат околу тоа на која од нив најдобро им стои истиот фустан.

-Ние сме како сестри и луѓето често тоа го мислат, а ние сме горди што можеме да ја носиме истата гардероба, велат тие.

Меѓутоа, коментарите на социјалните мрежи и не се согласуваат со нивниот став, во однос на тоа дека разликата во годините е и повеќе од очигледна.

-Со кого тие се шегуваат? Некој опасно ги лаже, ова мора да е шега, изгледаат како вештерки, се само мал дел од коментарите за овие „сестри“.

Што мислите вие, дали нивниот изглед вреди за потсмев?

Коментари

Популарно