
Медиумите во целиот регион на големо информираа дека фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ својот роденден го прославила во вилата на Кипар со младиот манекен Александар Јововиќ, со кој ја доведуваат во романтична врска. Иако долго време молчеше по повод на овие шпекулации, Цеца конечно одлучи да ја отвори душата и да расчисти дали е во врска со манекенот од спотот за нејзината песна „Добро сам прошла“ или не е.

„Вистина е дека на Кипар го прославив роденденот, но со членови од моето семејство, а не со Александар. Тоа е комплетна глупост и не знам од каде идејата за таквите написи. Мора да истакнам дека Александар и јас сме само пријатели. Отсекогаш бевме и ќе бидеме и не ми е јасно до кога ќе ги личнуваме луѓето само затоа што ми се пријатели. Дечкото се најде во фокусот на вниманието поради невистинита информација, а на сите им е јасно дека не сака да биде дел од јавната сцена. Да бевме заедно, некогаш и ќе не’ фатеше некој и ќе го документираше тоа! Многу ми е жал што едно младо момче преживува олкав притисок и удари, а притоа не е ни виновно за тоа“, вели Цеца.