Убиен тинејџер откако провалил во дом за да фати Покемон

Херсон Лопез де Леон (18) од Гватемала бил убиен бидејќи со својот 17-годишен братучед Даниел Моисес Писено провалил во една куќа за да фати Покемон. Леон бил убиен од огнено оружје, додека Писено бил тешко ранет.

pokemon2

Ова е прва несреќа со смртни последици која ја предизвика светски популарната игра, но Покемоните секојдневно предизвикуваат бројни проблеми низ светот.

Спасувачките групи од Марин Лејк во Њу Брајтон биле повикани да спасат група до 20 тинејџери кои во лов на Покемони отпловиле до средината на езерото.

Во двајца играчи од Флорида било пукано, кога сопственикот на една куќа помислил дека се провалници. Во Стоурбриџ еден возач бил уапсен бидејќи играл зад воланот.

Многу институции на своите работници им забранија да играат Покемон.

Индонезија им забрани на полицајците да играат „Покемон гоу“ додека се на служба, а истото планира да го направи и со војниците, со оглед на тоа дека апликацијата претставува закана за безбедноста, најави индонезискиот министер за одбрана.

Во таа земја во југоисточна Азија ловот на виртуелните суштества сокриени во реалниот свет привлекува бројни корисници кои илегално ја симнале апликацијата со оглед на тоа дека сè уште не е на располагање во Индонезија.

Популарноста на таа игра предизвика загриженост меѓу највисоките претставници на естаблишментот, а некои сугерираат дека „Покемон гоу“ би можела да послужи за шпионски активности.

- Со шпионажа може да се занимава во најразлични облици - рече министерот за одбрана на Индонезија Рјамизард Рјакуду, кој на играта гледа негативно.

Војската наскоро ќе објави налог со кој ќе им забрани на сите вработени во војската да играат „Покемон гоу“.

Коментари

Популарно