(ВИДЕО) Шок во Аргентина - Доби црвен картон, па го испрати арбитарот во болница

AHAOS

Фудбалер во пониската аргентинска лига, Леонард Вера, беше и повеќе од револтиран кога арбитарот на мечот, Силвио Руиз му покажа црвен картон, па реши да му се освети.

Се се случи на дуелот помеѓу Атлетико Килмесас и Спортиво Норте во една од пониските лиги во Аргентина.

Судијата му покажа црвен картон на Леонардо, по што фудбалерот на Атлетико потполно ја загуби контролата врз себе и тргна кон судијата.

Поголем инцидент спречија неговите соиграчи, кои го одвоија од арбитарот, меѓутоа ударите кои ги доби Руиз беа премногу силни, па беше итно пренесен во болница.

Коментари

Популарно