Чарлс Алан Гилберт во 1892-ра година го нацртал овој цртеж, кој денес се смета за една од најдобрите илузии на сите времиња.

На цртежот се наоѓаат две целини, а онаа која прва ќе ја видите, открива многу за вашата личност.
Кога ќе го погледнете цртежот, што гледате - девојка или костурска глава?

Ако прво ја видовте костурската глава:
Може да се каже дека сте личност со слободен дух, страствени и силни. Иако костурската глава веројатно ве асоцира на смрт или нешто лошо, во овој случај е спротивното.
Тој покажува дека сте бестрашни и мудри, односно имате карактеристика на добар лидер. Знаете како да ги преживеете тешкотиите и од нив да извлечете поука.
Цврсто стоите на земја и свесни сте, па затоа го цените животот и духовниот развој.
Единствена маана ви е што премногу сакате материјални работи, па знаете да се збуните самите себеси.
Ако прво ја видовте жената пред огледало:
Вие дефинитивно сте романтична душа која на моменти живее во облаци. Склони сте на фантазирање.
Понекогаш ви недостасува самодоверба и песимисти сте, односно лесно ги заборавате добрите работи. Склони сте на анализирање на работите околу себе.
Педантни сте, сакате уметност и се што е естетски убаво.