
Иако нискиот крвен притисок не е директна закана за здравјето, предизвикува бројни непријатности и лошо чувство проследено со вртоглавица, дезориентација, главоболка, недостиг на воља, енергија и слично. Поради намалениот протек на крвта, на луѓето со низок притисок органите не се доволно снабдени со кислород и хранливи материи. Доколку и вие го имате овој проблем, за да си помогнете себеси и да ги ублажите непријатните последици од нискиот притисок, стручњаците издвојуваат неколку најкорисни совети кои помагаат:
Перница под глава: Кога ќе легнете, под главата наместете неколку перници, така што ќе го ублажите наглото преминување од стоечка во лежечка положба. Така ќе ја избегнете потенцијалната вртоглавица.
Туширање со студена вода. Крвните садови ќе ги зајакнувате така што ќе се туширате наизменично со топла и студена вода. Клучен трик е своето туширање да го завршите со постудена вода. Поради брзите промени на температурата крвните садови со таквото туширење побрзо се шират и собираат, а со тоа и подобро се адаптираат на надворешните влијанија.
Помали и почести оброци. Крвниот притисок е најнизок еден час по првиот оброк во денот, бидејќи на органите за варење им е потребна крв за успешно да ја извршат својата функција. Ако јадете помалку и почесто, ќе ги намалите непријатните последици.
Стоп на алкохолот. Со исклучок чаша вино дневно, алкохолот никогаш не е препорачлив, посебно ако ве мачи низок притисок. Алкохолот дополнително ќе ви наштети, бидејќи предзвикува исфрлање на течности од организмот, го нарушува работењето на центарот за рамнотежа во мозокот и го забавува работењето на срцето. Исто така, неповолно влијае на нервните завршетоци одговорни за стеснување на крвните садови. Симптомите на низок притисок со употреба на алкохол дополнително се интензивираат, затоа избегнувајте го!
Јадете посолена храна. Зачинете ги своите оброци со малку сол. Имено, кујнската сол ја врзува течноста во организмот, па крвниот притисок полека се крева. Веднаш на почетокот на денот зајакнете го појадокот и ќе се чувствувате подобро.