23 годишна Србинка бара маж кој ќе ѝ помага - а за возврат нуди СЕ!

Српската веб-страница „Објави онлајн“ цитира еден интересен оглас, за кој не сме сигурни дека е автентичен, но е интересен да се прочита. Истиот наводно е објавен од страна на млада домаќинка (23) и гласи:

farmerka

„Многу рано останав сама на оваа фарма, моите родители починаа минатата година и одлучив преку оглас да побарам некој што ќе ми помага за понатаму. Имено, многу ретко излегувам бидејќи немам време и едвај чекам да падне мрак за да можам да легнам и да се одморам. Јас сум во потрага по маж или момче кое ќе се ожени за мене, за потоа и двајцата да работиме на мојата фарма. Ветувам дека ќе му дадам и повеќе отколку што може да замисли и дека ќе бидам добра домаќинка“.

„Тој ќе треба да се грижи за 150 грла стока: 13 крави, 8 кози, 66 овци и 34 јагниња, 46 кокошки, 19 телиња, 11 бикови, 4 кучиња и 12 мачки. Животните мора да се хранат три до четири пати на ден и не треба да им недостасува храна или вода. Потоа има и други работи околу фармата, треба да се води грижа за шталата, да се коси сено, треба да се ора, сади итн. Во шумата треба да се цепат дрва кои би ги користеле за огрев во зима. Во дел од овие работи ќе помагам и јас самата“, се наведува во огласот на девојката.

Приоритет им се дава на оние кои знаат да возат трактор и да ракуваат со земјоделски машини. Исто така младата дама напишала дека по нејзин вкус се влакнести и крупни мажи.

Голем број портали од Балканот го пренесоа овој оглас, но се уште не се знае дали е автентичен и дали девојката успеала да го најде идеалниот сопруг.

Коментари

Популарно