(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Храбра мајка со своето тело го заштити синот од бесни кучиња

3425234534-87768

Откако дијвачки ги нападнале две кучиња, храбрата мајка од Калифорнија со своето тело го заштитила синот од нападот.

Момчето кучињата го нападнале пред куќата, а мајката веднаш дотрчала до него и застанала така да го заштити од дивеењето на животните. Поради тоа што не можела веднаш да ги пронајде клучевите од куќата, некое време со телото го штитела синот, а дури и го подигнала над главата.

Успеале да се извлечат кога им помогнала сосетката која со стап ги истерала животните.

Момчето завршило во болница со угризи по целото тело, додека мајката е полесно повредена.

Таткото на момчето Спенсер Бишоп, ги погледнал снимките од безбедносните камери, но рекол дека снимката е толку шокантна што не би можел повторно да ја гледа.

-Тоа беше постојана борба, пет или седум минути чист терор, изјави Бишоп за КТЛА.

Додаде дека неговиот син има големи рани на лицето и нозете.

-Пластични хирурзи му го оперирале лицето, вознемирено вели таткото.

Својата жена ја нарече храбра и додаде дека луѓето не можат да го замислат тоа чувство додека не се случи на нивната жена или дете.

Кучињата сега се наоѓаат во Канцеларијата за контрола на животните, а по истрагата ќе биде познато дали ќе бидат успиени.

Коментари

Популарно