Знаете ли кои личности се во поголема опасност да бидат каснати од кучиња?

Мажите се на двојно поголем ризик од каснување од кучиња отколку жените, откри новото истражување. Истражувачите од Универзитетот во Ливерпул, Англија, истражувале 694 лица во 385 домаќинства и исто така откриле дека анксиозните (возбудените) луѓе се на поголем ризик да бидат каснати од куче. Истражувачите сакале да откријат колку луѓе меѓу испитаниците биле гризнати од куче и дали била потребна лекарска помош, како и дали жртвата го познавала кучето, кое ги гризнало. Научниците ги мереле и аспектите на личноста на испитаникот, вклучувајќи емотивна стабилност, а едно од прашањата било дали жртвата чува куче. Резултатите покажале дека еден од четири испитаници биле каснати во минатото, а дека поголема е двојно веројатноста маж да биде гризнат од куче, отколку жена. Веројатноста куче да гризне личност, која има неколку кучиња е три пати поголема во однос на луѓето кои никогаш не чувале такво милениче, а половина од каснатите испитаници не ги познавале кучињата. Болничките податоци покажуваат дека стапката на гризнување на кучиња е 740 на 100,000 луѓе, но истражувањето над испитаниците покажале дека таа стапка е поголема од официјалната, поточно 1,873 на 100,000 луѓе. Еден испитаник од три кој претрпел гризнување од куче побарал медицинска помош, но само 0,6% од случаите биле хоспитализирани. Интересно е тоа што постои врска помеѓу личните карактеристики и ризикот на каснување од куче. „Иако ова беше мало истражување, резултатите даваат некаква слика за проблематиката при гризнување на куче и влијанието на јавното здравје“, изјавија истражувачите.

Коментари

Популарно