Нашата актерка Јелена Мијатовиќ, позната по култната улога на Шила, во македонскиот игран филм „Самоуништување“ се гледа со Бред Пит. До нашата редакција беше испратена ексклузивна папарацо фотографија на која се гледа како Бред Пит и Мијатовиќ уживаат на засега за нас непозната локација. Немаме информација како Мијатовиќ и Пит се запознале, а и читателот што ни ја испрати фотографијата не нуди повеќе детали.
Дали двајцата глумци работат на некој заеднички проект или ги поврзува нешто повеќе од работата останува да видиме. Од фотографијата што ја добивме на нашиот e-mail се гледа дека врската меѓу Бред и Јелена не е само колегијална. Деновиве ќе се обидеме да се поврземе со Јелена Мијатовиќ за да ја прашаме во каков проект учествува со холивудската ѕвезда и дали да очекуваме дека поранешниот маж на Џенифер Анистон и Анџелина Џоли ќе стане македонски зет