Славниот актер Леонардо ди Каприо сериозно се замислил да премине во нова фаза во својот живот. Само пред еден месец, жолтите медиуми ја опишаа неговата врска со моделот Камила Мороне како уште еден флерт на познатиот плејбој, но по се изгледа дека авантурата е на пат да се претвори во нешто повеќе.

Блиски до 43-годишниот актер тврдат дека тој веќе разговарал за идејата за можен брак со 21-годишната убавица.
„Тие се навистина многу заљубени“, велат нивните пријатели.
Двојката е заедно веќе повеќе од осум месеци и како што е познато, Лео досега не размислувал за свадба дури со неговата долгогодишна девојка – супермоделот Жизел Бундхен.
„Тој навистина се чувствува подготвен да стане татко“, велат уште блиските до ѕвездата.
„А Камилa е традиционалист, за неа семејството е поважно од сè и обожава деца“.
Дали конечно Лео ќе „рипне во тавче“? Останува да видиме!

