Миленко Неделковски удри по Груевски: За се е тој крив!

„Вчерашниот протест на ВМРО ДПМНЕ“

Вчера вечер бидна и почетокот на излегувањето на улица на ВМРО ДПМНЕ.

Бројка на излезност, како за старт, сосема задоволителна. Без автобуси, сендвичи, сокчиња или 50 соросови евриња.

Врвот од партијата напред, со традиционално ремплање со рамиња кој да е поблиску до Мицкоски. Народот позади со прашања и дилеми, ќе почне ли конечно битката за уривање на фашистичката диктатура. И прашање број два: ќе се возобноват ли вистинските христијански, вмровски, македонски вредности во таа партија. Или како предходно, ќе остане интересна групировка за државни позиции со можност за чорбиче за пеевче.

Очебијно беше НЕ присаството на сите довчерашни запенавени повикувачи дека “за Македонија се работи, не за личност организатор на протести“, кој не се појавија токму заради личност!!! Лудило, тотално.  Работава, дојдете излезете кај мене на протест, ама на негов протест не излегувам. Себично, антимакедонски. Дијаспората ја прашувам: каде ви беа Пимен и Тодор Петров вчера со народот? Ги напунивте со пари, вие во Штудгард на Пимен и Џип му купивте, ама овдека он си е близок со Заев и со Бејли. Ги немаше и блокирачите Бачев и Филип.

За среќа, обичниот народ, оние кои излегуваа и за Заедничка Македонија, и за Бојкотирам, и за Блокирам и за 27-ми, и за на Тодор говорите, и за на Христијан маршовите – е ти, обични наши сограѓани си беа на улица и синојка. Тоа се вистинските борци, партизани, комити, фаланга…

[Фотографија на Violeta Petkovska.]

ВМРО ДПМНЕ вчера излезе на протест, ама “најголемиот вмровец“ според сопствено признание – Нино Тодоров, не беше ниту со својот народ, ниту со својата партија, ниту со своите сопартијци!!! Од што се уплаши “Министерот Смрт“, кој за да одбегне кривична одговорност од Кацарски судството стана “Министер дојде живот“?! Ако е стварно најголемиот вмровец, што се исплаши баш од ВМРО?!

Вчера го немаше и Мите Лимунада, за да пронајде “кој е тој маж што ќе го избрка од ВМРО ДППМНЕ“! Вели имал градоначалнички обврски! Истите обврски ги немаше неколку дена порано за да тркне до хотел Сириус во Струмица на состанок со Заев!!!

Го немаше вчера и Љубен Арнаудов, кој себе се гледа како војводата Христо Узунов, ама всушност е само еден Коте од Руља. Го немаше и Сашо Василевски кој бил горд на своето гласање, а го немаше и плачкото Крсте Муковски. Ја немаше и снаата на Мијалков, госпожа Александрова.

Ах, да. Ја немаше и Камчевска – Милевска, на која толку важно и беше извинувањето до деранжираните комшии, ама ич не и е гајле за уништувањето на еден цел народ.

Сашо Мијалков беше оправдано отсатен.

Доколку овие ликови беа сигурни во своите тврдења, потези, изјави, гласања, вчера можеа да се појават пред Беко, па на маршот кој одеше покрај Вранглер и Агрохемизација, заврши пред Женска гимназија (локации и термини познати на изумрената  раса стари скопјани).

Јас, на пример, отворено го критикувам ВМРО ДПМНЕ за потезите, раководителите за настапите, пратениците за однесувањето – ама на протестите/маршовите на ВМРО ДПМНЕ излегувам редовно. Оти она што сум го пишал и кажал не е со некоја скриена удбашка или соросовска аѓенда, не е за позиција, не е за спас од кривични гонење – ами е во ИНТЕРЕС НА БОРБАТА ЗА РУШЕЊЕ НА ФАШИСТИЧКИОТ РЕЖИМ ПОСТАВЕН ОД ЏЕС БЕЈЛИ. Кога си без зла намера, чиста ти е душата и мирна совеста.

На протестите не беше и главниот виновник за очајниот кастинг на партијата – Никола Груевски.

Претпоставувам дека му е арно, безбедно и комотно во Будимпешта. Нашите пари за неговата комоција и благосостојба.

Ми пречи, искрен да сум, што покрај целото саблазнување дека “Грујо им го начука“, а Бога ми стварно им го набута својски, се заборава основната причина зошто толкав број предавници седат и седеле во собраниските клупи, државни институции и партиски функции од страната на ВМРО ДПМНЕ.

Чудно ми е што никој и не бара одговорност за изборот на овие луѓе.

Нашиов политички Мурињо, успеа во последните години да го направи најочајниот избор на политички играчи во својот тим. И, никој за тоа не го повикува на одговорност!!! Ниту од партијата, ниту од медиумите, ниту од аналитичарите. Пазете ваму, ај што оваа Аlfa televízió си молчи, ами и сите останати, као нешто анти-вмровски телевизии си молчат. Ни Саки, ни С. Мирчевски, ни Поп Петревски, ни Спец – никој не го покренува тој вапрос. Зошто? Се ли е договорено? Така требало да биде?

Оти Никола Груевски, и НИКОЈ ДРУГ, е одговорен што 10 години континуирано беа министри Нино Тодоров и Камчевска – Милевска. Никој друг, само он е виновен оти само негово е тоа решение. Другите само аминувале.

Само Никола Груевски е виновен за коалицирањето со Лиле Поповска и Павле Трајанов, па малку му беа тие, па и со Амди Бајрам. Само Никола Груевски е виновен за ставањето на добитни позиции на Чедо Саздовски и Владанка Авировиќ. Само тој, и никој друг, е виновен што на добитните места, наместо вмровци со мадиња, беа ставени лигушаана како Нола, Зекир, Владанка, Крсто, Сашо, и другиот Сашо, Љубе, Даниела Рангелова, Лука Кржаловски, Мите Лимунада… Нив ги има избрано лично лидерот. И никој друг.

Од правдата на Кацарски судството Никола може да избега, но историската одговорност, што државата ја предаде и остави на фашисти, а својата армија ја направи група на подмитливи бизнисмени-багабонти – НЕМА ДА МОЖЕ ДА ЈА ОДБЕГНЕ. Не во Будимпешта, ами на Марс со следната сонда на НАСА да отпатува, ова ќе му остане како несакана тетоважа на газот.

Задачата на ВМРО ДПМНЕ, намерно не пишувам раководството, значи задачата на ВМРО ДПМНЕ е да се издигне над предавствата, како што своевремено успеа да го надмине предавството од Љупчо Георгиевски, па од само 6 пратеника за кратко време да успее да ја врати целата сила и да победи на сите можни избори.

Тоа е тешка задача. Во тркалата со кои се движат им се забодени чивии, опструкции, предавници и слиперси има колку сакаш.

Но, тоа не еднаш била судбината на ВМРО и на народот МАКЕДОНСКИ.

Оваа борба е на улица, со лимитирани капацитети, без финасиска помош… За по банкети, приеми, лептир машни, теписи длабоки до глуждови, морски плодови, мерцедеси – си има кадар. Кадар ПРЕДАВНИЧКИ. Борбата на народот е тој кадар да го сруши и набута во затвор, заедно со “нашиве“ кој за брзо време станаа “нивни“.

Миленко Неделковски за Дудинка.орг

Коментари

Популарно