Жените „признаа“ за овие работи лажеме

Австралискиот портал Mamamiji направи анкета во која ги праша жените што и колку, всушност, лажат во врските . Тие ги опишуваа сите, од мали до поголеми лаги.

Лина откри дека нејзиното момче и купил скапоцен прстен и како таа го изгубила, а потоа таа купила  ист, но многу поевтин, кој го носела и глумела дека е среќна.

Се чини дека повеќето од лагите се поврзани со накит и така Janette одговорила како на момчето му кажала на дечкото  дека таа ги сака обетките што тој и ги купил.

"Во тој момент знаев дека никогаш нема да ги ставам, но јас се преправав дека бев многу возбудена и тие се убави", рекла Janette.

Една од анкетираните жени открила дека цената на работите кои ги купува секогаш сги „намалува“ за 20 отсто  за да нејзиниот партнер не  се лути поради тоа што троши премногу.

Клер (32) открила дека таа се преправала дека таа го изела ручекот кој нејзиниот партнер и го подготвил за на работа, но вистината е дека нејзиниот ручек се расипал, а таа јадела сендвич од продавница .

Неколку жени се надоврзале на лагите за храна, а една од нив вели дека често го „лаже“ својот партнер дека јадела „остатоци“ од храна од фрижидерот, а всушност нарачала нешто од Мекдоналдс.

Лола тврди дека нејзините лаги биле поврзани околу семејството на нејзиниот партнер и првите осум години се обидувала да направи  се како на неговото семејство и пријатели им се допадне. Се преправала  дека и се допаѓаат и тие нејзе. После одреден период сватила дека тоа нема смисла  и денеска  е задоволна, без оглед на она што ја сметаат за луда.

Коментари

Популарно