Промена на договорот од Преспа, Заев пред суд, Албанец за претседател, Зоки во вилата на Водно?!

На само една недела до претседателските избори во Македонија, редно време е и јас да го кажам својот став на темава. По неколку неделна кампања и досега три телевизиски соочувања, сликата за понудата на тројцата кандидати е веќе јасна.

Искрено, не сум ја прочитал програмата на ниту еден од нив, ниту имам намера. Моите ставови се изградени на нивните јавни настапи низ цела држава и уште повеќе на трите телевизиски дебати. Нема да зборувам за гафовите и глупостите што ги изнагледавме во предизбориево, нема да се задржам ниту на валканата кампања, за тоа секако би требале најмалку 100тина страни. Ма може филм да се сними, само жарнот не знам како да се определи. Трагично-комичен-хорор со несреќен крај?! Ок, уште не сме до крајот, но токму за крајот сакам да пишувам. Односно, што практично ќе значи победа на Река, Силјановска или Пендаровски.

На гласачкото ливче под број еден ќе го имаме професорот Река

Победа на Река, колку и да е нереална, би значела Албанец за претседател на државата за прв пат во историјата. Од една страна позитивно, затоа што нашите сограѓани Албанци ќе се почуствуваат ценето и конечно во Македонија, таткото на државата ќе биде Албанец. Од друга страна негативно, затоа што се трга од етничка припадност на кандидатот. Веќе 5 години слушаме една иста парола „дојдено е времето Албанец да е претседател на државата“, но токму оние кои ја кажуваат им го замрзнуваат патот на Албанците кандидати. Се додека се повторува дека време е Албанец да е претседател, тоа е всушност игра на етничките и национални чувства, што значи дека кампањата ја прави етничка и во старт ги губи гласовите на другите етнички заедници во Македонија. Затоа Река нема гласови од Македонци. Нема ни да има, а и не може да има. Кога првото нешто што го кажувате при кандидатурата е дека сте влегле во трка за Албанците да имаат за кого да гласаат, јасно започнувате етничка кампања и веднаш ја губите поддршката на Македонците и останатите етнички заедници, освен Албанците. Никој не сака да гласа за кандидат кој на прво место става друга  етничка група различна. Затоа Река е свесен дека нема да победи. Негова цел е да освои што повеќе албански гласови во првиот круг, за да ја ослабне позицијата на ДУИ во владата. Доколку, за некое чудо, успее да влезе во вториот круг го чека тежок пораз.

Следна на листата за гласање и Силјановска

Победа на кандидатката поддржана од ДПМНЕ ќе донесе неколку промени. Најпрво, нејзина победа ќе значи владеење на правото во претседателската вила. Очекувајте враќање на еден куп закони назад во Собранието затоа што се косат со уставот. Не зборувам тука само за спорни закони, туку и за закони изгласаани со консензус во Собранието, но не  усогласени со другите закони и уставот. Ова ќе ни покаже колку се правно неписмени нашите политичари, но во реалноста нема да значи многу за народот. Победа на Силјановска ќе значи предвремени избори во Македонија, најдоцна во Септември. Предвремени избори на кои СДСМ ќе доживее ДЕБАКАЛ! Пораз што досега не е виден во Македонија. Пораз што ќе ги закопа Заев и другарите, најпрво во политичка пензија, а многу скоро потоа и во суд! Да, РЕФАНШИЗАМ ќе има! Тоа нема да е добро за државата, ниту за народот, но осветата на ДПМНЕ по нивно враќање на власт е лесно предвидлива. И за крај, дали победа на Силјановска ќе значи промена на договорот со Грција и бришење на Северна пред Македонија? НЕ! Верувам дека професорката, доколку стане претседателка на државава, никогаш нема да рече Северна. Верувам и дека ќе формира тим што правно ќе се бори за промена на договорот, дека секаде во светот ќе зборува за неправдата, за прекршената волја на граѓаните изразена на референдум... но името и договорот ќе останат. Не само затоа што претседателот нема ингеренции да го поништи, туку затоа што ДПМНЕ нема да и помогне. Пред неколку месеци ова јасно го кажа Груевски. Сега не е време за поништување на договорот со Грција, напиша поранешниот премиер и сегашен почесен претседател на ДПМНЕ. Сега е време за промена на власт, за нова влада што ќе ги исполни Копенхашките критериуми и ќе влезе во ЕУ, а тогаш-некогаш, некоја нова влада, од внатре од ЕУ, ќе бие битка за враќање на името на државата и бришење на Северна. Очигледно е дека ДПМНЕ ја следи оваа стратегија, иако на митинзите зборува за „горда Република Македонија“, но дури ни Мицкоски немаше одговор на прашањето на Заев, дали ќе го искине договорот од Преспа и што потоа. Значи, накратко, победа на Силјановска ќе значи победа на ДПМНЕ на следните предвремени парламентарни избори и влада која ќе го исполнува минимумот од договорот со Грција, но нема да го поништи!

Со број три на гласачкото ливче ќе биде Пендаровски

Ако Стево Пендаровски стане претседател на Република Македонија, ние ќе добиеме претседател на Северна.  Односно, на секоа негово обраќање, како и до сега, тој упорно по 15 пати ќе повторува СЕВЕРНА, СЕВЕРНА, СЕВЕРНА.... Оваа стратегија на СДСМ и целата владина коалиција со која се обидуваат да го навикнат народот на новото, наметнато име, засега не раѓа со плод, но нема да се откажат. Победа на Стево, всушност ќе значи комплетна власт на Заев во Македонија. Пендаровски ниту ќе биде камшикар, ниту ќе има свој став. Всушност тој и никогаш немал став. За ова сведочат многу негови видео изјави во минатото, кои сега ги порекува. Или со една реченица, Пендаровски е Заев! Исто лажат, исто менуваат ставови, исто се извадени од контекст. „Народот е СТОКА“ и „Ќе јадам живи луѓе“ се двете најпознати извадени од контекст изјави на политичкиве браќа. Затоа Стево е идеален кандидат на СДСМ! Тој е човек кој сака да стане Заев еден ден. Си призна човекот дека Зоки му е идол, кога кажа дека се исти со премиерот, односно 102.5% исти. Потоа, нормално се вадеше дека тоа се однесувало само на дел од политичката програма, но секако такво нешто не споменува во оригиналната изјава или наједноставно кажано, ЛАЖЕ! Всушност, како и Заев и Пендаровски ЛАЖЕ, МНОГУ ЛАЖЕ!!! Неговата победа само ќе му ја олесни работата на Заев и владата и ќе им даде за право (по нивната логика) да убедуваат дека народот го прифатил новото име и дека се сложува со нивните политики. Изборите, по евентуалната победа, ќе ги крастат „ВТОР РЕФЕРЕНДУМ“ за името и ќе тврдат дека народот стои зад противуставната промена на името. Владата ќе продолжи да шлајфува во место, се до корпата од Брисел во Јуни и недобивањето на датум за преговори, за што секако Стево и Заев ќе го обвинат Мицкоски, односно Груевски.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно