Џон Бон Џови ќе се одмара на Балканов

Еден од најпопуларните американски пејачи Џон Бон Џови ќе го помине одморот во Хрватска со своето семејство.

Познатиот рокер беше „фатен“ како се качува на јахта закотвена во Цавтат, заедно со неговата сопруга Доротеа Херли и најмладиот син Ромео. 

Многу локални жители не можеа да поверуваат дека Бон Џови ја посети Хрватска и дека ова лето ќе ужива во убавините на јадранскиот брег.

Легендарниот рокер има совршен брак со неговата сопруга Дороти Херли од 1989 година. Тие имаат четири деца, Стефани Роуз, Џеси Џејмс Луиз, Јакоба Херли и Ромео Јона. 

Ова не е прв пат Џон Бон Џови да престојува во Хрватска, но покрај концертите во оваа земја, тој престојуваше во Дубровник во 2011 година.

Коментари

Популарно